Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во наредните денови?

Денес е понеделник, 14 август 2017 година, 226-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:35, а ќе зајде во 19:39 часот. Денот ќе трае 14 часа и 04 минути. 

Освежувањето кое што започна во сабота навечер а продолжи и вчера се надевм дека добро ни дојде на сите нас, но оваков осетен пад на температурите и засилен ветер може да бидат и проблематични за сите метеоропати и хроничните болни.

Освежувањето го имаме и ова утро кога имаме утрински температури кои што се пониски од вообичаените за овој период, особено е свежо на местата каде што ова утро имаме претежно ведро време а тоа се источните, југоисточните и крајните западни предели, а во останатите предели умерено облачно време и малку повисоки утрински температури. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро со утрински температури кои што ќе бидат под просекот за овој период и ќе се движат во интервал од 10 до 19 степени, во претпладневните часови ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и потопло време. Попладне намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди со што ќе преовладува претежно сончево и ветровито време. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер кој што постепено ќе го намалува својот интензитет. Максималните дневни температури ќе бидат во пораст во однос на вчерашните и ќе достигнат до 22 односно до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 6. 

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските и претпладневните часови умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време. Попладне намалување на облачноста и потопло време. Ќе дува доумерен северен ветер. Утринската температура од 17 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 30 степени. УВ индекс 6. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во следните денови под влијание на поле на висок воздушен притисок не очекува стабилно и се потопло време со температури кои што ќе бидат во пораст и за некој степени ќе го надминат повеќегодишниот просек за овој период од годината. Во вторник и среда сончево и потопло време. Утринските температуѕри од 10 до 18 односно од 12 до 20 степени додека пак максималните дневни ќе се движат во интервал од 24 до 35 односно од 25 до 36 степени. Сончево и топло време во Македонија ќе преовладува и во четврток и петок кога минималните температури ќе се движат од 12 до 20 односно од 13 до 21 степени, а дневните од 26 до 37 степени. 

Weather4all.com.mk