Неделна временска прогноза

Времето во Македонија денеска ќе биде стабилно и суво со дневни температури од 3 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде слично со дневна температура од 10 степени.

И утре времето ќе биде сончево со умерена облачност и умерене ветер од југоисточен правец и дневни температури од 2 до 12 степени.

Во вторник темепарурата ќе биде во интервалот од минус шест до 12 степени, во среда од минус два до 13, во четврток утринска од еден степен и дневна до 15 степени целзиусови, а во петок од минус три до 14 степени  

Нов влажен бран со пообилни врнежи се очекува во сабота. Температурата ќе биде меѓу два и 10 степени.