Неделна временска прогноза

Денес е понеделник, 24 април 2017 година, 114-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:35, а ќе зајде во 19:27 часот. Денот ќе трае 13 часа и 52 минути. 

Во Македонија ова утро утро имаме претежно ведро и потопло утро во однос на претходните денови, иако утринските температури и денеска се под просекот за овој период од годината. Во југозападните предели имаме и појава на локална облачност. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност (во западните и југозападните предели) и потопло време со пораст на температурите. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од -2 до 6 степени, додека пак максималните дневни од 12 до 22. УВ индексот ќе има вредност 6. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претежно сончево и потопло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 3 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 19 степени. УВ индекс 6. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во следните денови Македонија ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок кој што носи претежно сончево време но и продор на топла воздушна маса од југ која што ќе услови и пораст на температурите. Во вторник минималните температури од 0 до 9 степени, додека пак максималните од 15 до 25, температури кои ќе го надминат повеќегодишниот просек за овој период од годината. Сончево и надпросечно топло време се очекува и во среда и четврток кога утринските температури ќе се движат во интервал од 2 до 10 односно од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни од 18 до 27 степени во среда и од 19 до 29 степени во четврток. Во петок претпладне ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, попладне зголемување на облачноста и ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви преиоди и благо опаѓање на максималните температури кои ќе достигнат до 16 односно до 26 степени.