Неделна временска анализа: Неделата ќе ни започне со невреме и со големо опаѓање на температурите

ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево и топло со мала до умерена  локална облачност. Попладнево  во поголемиот дел од земјава преовладуваше сончево време со умерена облачност, а во источните и југоисточните делови сончево со мала облачност. Дуваше слаб ветер од јужен и југозападен правец. УВ=5

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Сончево и топло со умерена  облачност. Во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. УВ=5

ВРЕМЕТО УТРЕ
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои  на места ќе бидат поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен претежно југозападен ветер. УВ=5 Т-мин. од 10 до 18 а дневната највисока температура на воздухот же се движи во интервалот од 21 до 28 степени.
Скопје Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои  локално ќе бидат поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен претежно југозападен ветер. Т-рите од 17 / 26 степени

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Од вторник под влијание на посвежа воздушна маса од север времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, особено во вторник. Дневните температури ќе опаѓаат и во средината на наредната седмица ќе се движат од 16 до 22 степена.