Понеделник 27.2.2017

МНТ

20.00/Госпоѓа министерка

*Цената на билетот е 300 денари

Рок Кафана Рустикана 2.0

21.00/Неделна програма 

*Понеделник – Happy Monday со Natalija Danailova за среќен почеток на неделата Старт после 21:00

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. InThe Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 8 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок
– Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Jovan Kucinovski во соработка со Тиквеш.
– Класичен рокенрол со Ringroad со старт после 21:30

*Сабота
– Македонски евергрини со Lili Chilli од 15:00 и Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период.
– Кума и Црни акустично со старт после 21:30.

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134.

Вторник 28.2.2017

Драмски театар

Музеј на современа уметност

19.00/Late Night Museum – Concert of Ema Popivoda

Музејот на современа уметност Скопје и Фестивалот за современа музика Модоарс со гордост ви го најавуваат својот ексклузивен уметнички настан. На 28 февруари, вторник со почеток во 20 часот во просториите на Музејот за современа ументост ќе се одржи концерт за пијано на Ема Попивода со композиции на македонски народни теми напишани од композиторот Димитрије Бужаровски, пo коj ќе следува коктел со вината на винарија Тиквеш и настап на ДЈ Илина Ангел. Просториите на музејот ќе бидат отворени во 19 часот и гостите ќе имаат можност да ги погледнат најновите поставки во Музејот на современа уметност: Изложбата на основоположниците на македонската современа уметност, „Ничија земја“ – проект со кој Македонија беше претставена на Венециското биенале за архитектура 2016 и изложбата во третата галерија со наслов „Римејк“ каде можат да погледнат ремек дела од светската скулптура кои се во сопственост на Музејот за современа уметност.

МНТ

20.00/Чикаго

Мјузиклот „Чикаго“ е копродукциски проект помеѓу Македонски народен театар, Македонска опера и балет и Факултетот за музички уметности, Скопје, Р.Македонија.

Дом на АРМ

20.00/Школа за љубавнике

Проверете зошто „Школа за љубавнике“ е најгледаната претстава за 2016 година во Србија и зошто повеќе од 3000 љубители на добрата тетатарска претстава ја имаат погледнато кај нас. За сите оние коишто немале можност да набават билети за претходните играња во Скопје сега ја имаат можноста да го направат тоа.

28 февруари – Дом на АРМ – Скопје, почеток 20 ч. (билети преку продажна мрежа на kupikartizase.com)

Текст и режија: Бојан Стојчетовиќ
Алберто Верони – Милан Васиќ
Марина Верони – Јелена Ракочевиќ Цекиќ
Адвокат Томазо – Милан Калиниќ
Розина – Александра Цуциќ
Професор Џовани – Бојан Стојчетовиќ

МКЦ

20.00/Reel Rock 11 Macedonia

Reel Rock 11
Вторник, 28 февруари 2017, 20ч. | Кино ФРОСИНА (МКЦ)
Влезници: 150 ден. (ограничен број во претпродажба на билетарата на МКЦ)

Reel Rock 11 програма:
– Илина Арсова: искачување на Денали /ВИДЕО/
– Прва македонска женска хималајска експедиција /ВИДЕО/
– Reel Rock 11

Повеќе инфо на линкот погоре.

Продолжува на наредната страна.........