Среда 02.11.2016

МНТ

Доктор Стрејнџ Претпремиера + Турнир во PS4!

Знаете што оди одлично во комбинација со марвелова претпремиера? Турнир во PS4!

Сè што треба да направите е да се пријавите за турнирот со име, презиме и мејл тука: http://bit.ly/2dOWb0l

А за да се загрееме за претпремиерата на #ДокторСтрејнџ, тука се и Ред Бул со супер промоција

Почеток: 18:30

МКЦ

МТФ Скупи Фестивал 2016

Косово: ПРОФЕСИОНАЛЕН ТЕАТАР ПРИЗРЕН

„Слуга на двајца господари“

Автор:
Carlo Goldoni

Режија:
Kushtrim Bekteshi

Улоги:
Ernest Malazogu, Xhejlane Tërbunja, Muhamed Arifi, Afrim Muçaj, Alban Morina, Zanë Duraku, Fetah Paçarizi, Hajat Toçilla, Alban Krasniqi, Alban Çela

Времетраење:
140 min.

“Слуга на двајца господари” е безвремена италијанска комедија – ремек дело од 18 век на Карло Голдони, за гладниот слуга кој зема преголем залак кога се согласува да им служи на двајца господари истовремено!

Почеток: 19:30

Театар за деца и младинци

Нашиот Клас 

Режија:
Владимир Милчин

Играат:
Владимир Лазовски
Драган Довлев
Предраг Павловски
Ненад Митевски
Мартин Јорданоски
Бојан Кирковски
Мики Анчевски
Наташа Петровиќ
Емра Куртишова
Симона Спировска

Почеток: 20:00

МОБ

Есенски музички свечености – отварање

Свечено отворање на Есенските музички свечености

Диригент: Томислав Шопов, Иван Еминовиќ, Андреј Наунов
Режисер: Трајко Јордановски
Концерт мајстор:
Настапуваат: Солисти, хорот и оркестарот на Македонската опера и балет, академскиот хор “Мирче Ацев“, камерниот хор “Франце Прешерн“, камерниот хор “Моис Хасон“.

Четврток 03.11.2016

Jazz Inn Скопје

New Order night 

Видео спотови, концерти, албуми и песни од култниот бенд New Order.

Почеток: 20:00

Петок 04.11.2016

Public Room

Lucky Friday

Tikves Special Selection, Brzanov, Popov – 2 шишиња или 2 чаши наливно вино, по цена за едно!

Надополнети со вкусна храна, пријатна тераса, боса нова џез… за опуштено дружење после напорна работна недела!

Почеток: 16:00

МКЦ

Изложба на Ване Костуранов

Во петок, 4 ноември, 20 часот, во галерија МКЦ, Скопје, ќе биде отворена изложба на Ване Костуранов насловена “Скршнувања”.

Ване Костуранов е сликар, роден 1979 година во Струмица. Учествувал на повеќе групни изложби, а одржал и 11 самостојни. Уште како дете повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови.

 Почеток: 20:00

Сабота 05.11.2016

Public room

5 дечки кои ни доаѓаат од Штип…

Џез за уживање отсвирен од Горан Кавраков – саксофон, Панко Гелев – гитара, Филип Крстевски – тапани, Боро Шопов – бас и Мици Милковски – клавијатура

Почеток: 22:00

МКЦ

Heidi во Скопје

На 5-ти Ноември подгответе се за ураганот „HEIDI“, како што повозрасните колеги ја нарекуваат!

Local support:
DJ Flooder
Maci Stojanovic

Win Music Freedom Lounge:
Ivana Dragsiqi
Sonja Ismail
Ilina Angelovska

БИЛЕТИ ВО ПРЕДПРОДАЖБА:
Hash Bar, Кино Карпош, Радио Бар, Излет Кафе, Билетарата на МКЦ,Јагода (Битола) и http://mktickets.mk/heidi-mkc
Цена:
400 МКД (200 лимитирани)
500 МКД (предпродажба)
600 МКД (на влез)

Почеток: 22:59

Недела 06.11.2016

Дом на АРМ

Нитаи Хершковиц – соло концерт

Израелскиот пијанист и композитор Нитаи Хершковиц, познат по својата виртуозна инструментална техника и фасцинантно длабока емоција, по настапот на Сараевскиот џез-фестивал, ексклузивно ќе допатува во Скопје, каде што ќе одржи солистички концерт.

Билетите во строго ограничен број, а истите можат да се набават во Чув Де Чув, и продажната мрежа на “Купи Карти За Се”

http://www.kupikartizase.com/

Цена: 400 денари

Почеток: 20:00