Неделен календар на културни настани во Скопје

Вторник 25.10.2016

МОБ

СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР - Џоакино Росини -
ПРЕМИЕРА
25.10.2016 / 27.10.2016 20.00ч.
Билетите се пуштени во продажба на
Билетарница на МОБ 02/ 3118 - 451 и
Online на www.mob.mk

МКЦ

Фанстастична ноќ во најава!
25 октомври, МКЦ Скопје.
Концерт на The Ex (Холандија), Jerusalem In My Heart (Канада/Либан), Portron Portron Lopez (Франција).
Билети во продажба од понеделник 03.10.2016 на Билетарница МКЦ и преку продажната мрежа на МК Тикетс по цена од 300 денари. На ден на концерт, цена на билет ќе чини 400 денари.

Почеток: 20.30 часот

МНТ

Брачна игра -  текст според Едвард Олби, режисер: Тони Михајловски

Улоги:
Џилијан – Весна Петрушевска
Џек – Игор Џамбазов

„БРАЧНА ИГРА“ МИРИСА НА НЕШТО ЕПТЕН ЛИЧНО Брачна меланхолија!? Здодевност!? Баруштина!? Очај!? Здодевност!? 50 години!? Хистерија како гром од ведро небо!? Караница!? Здодевност!? Брачни проблеми!? Тоа па тоа!? Кој е лудаков!? Здодевност!? Што бара во мојот живот!? Џилијан и Џек!? Весна и Игор!? Јасна и Перо!? Маре и Нико? Тука? По градов? Некаде во соседството? Бла бла бла… Кај на сваќата внуката од брат? Кај кумовите? По дома? А? Познато? Мириса на нешто лично? Мириса на нешто многу лично! Брачна игра на Едвард Олби гарантира феноменално патување низ нервниот систем на Џилијан и Џек! Конфликт до коска!

Цената на билетот е 600 ден.

Почеток: 21.00 часот

Среда 26.10.2016

Музеј на современа уметност – Скопје

Таписерија

Таписеријата е посебен и специфичен дел од визуелните уметности.
Како дел од “убавите уметности” таа во себе содржи повеќе елементи и од ликовната уметност, кои со взаемно испреплетување ја создаваат нејзината естетика.

Во текот на нејзиниот историски и технолошки развој се менуваат матријалите, начинот на изработката, темите, мотивите, естетиката и поетиката, презентацијата..Но, нејзината основа при создавање на делото секогаш останува иста – ткаење нитки со нитки (волна, свила или др. ) како и нејзината примена која секогаш останува во служба на декоративниот концепт.

Почеток: 13.00 часот

МНТ

26 и 27.10 МАЈСТОРОТ И МАРГАРИТА 19:00

Среда – слободен ден за средношколците
Четврток – слободен ден за студентите

Михаил Булгаков
Режисер: Иван Поповски

Мајсторот — Дејан Лилиќ
Маргарита — Драгана Костадиновска
Воланд/Афраниј — Никола Ристановски
Понтиј Пилат — Јордан Симонов
Иван Николаевич — Бездомни — Сашко Коцев
Каровјев — Оливер Митковски
Мачорот Ханс Бехемот — Петар Мирчевски
Азазело — Ѓорѓи Јолевски
Хела — Ана Стојановска

Почеток: 19:00 часот

43 Club

Grand Opening “43 Le Club” 

Старт на новата сезона со нов имиџ.
Ревијален настап на нашите пријатели и Dj-и.

Почеток: 22:00 часот

Продолжува на наредната страна.....

 

Четврток 27.10.2016

Македонска филхармонија

Рапсодија

Диригент: Јерухам Шаровски (Израел)
Солист: Лукаш Вондрачек – пијано (Чешка Република)
Програма:
М. Глинка: Увертира од операта „Руслан и Људмила“
S. Рахмањинов: Рапсодија на тема на Паганини во a-moll оп.43
Д. Шостакович: Симфонија бр. 1 f-moll оп. 10

Петок 28.10.2016

Public Room

Lucky Friday 

Tikves Special Selection, Brzanov, Popov – 2 шишиња или 2 чаши наливно вино, по цена за едно!

Надополнети со вкусна храна, пријатна тераса, боса нова џез… за опуштено дружење после напорна работна недела!

Почеток: 16.00 часот

Distrikt Bar & Kitchen

Halloween party

Во Дистрикт, Halloween доаѓа порано и доаѓа заедно со официјалната pre-opening party на Fashion Weekend Skopje (FWSK).

Дојдете во петок, на 28 октомври, во Дистрикт бар и ресторан, на Halloween и на официјалната FWSK pre-opening party, со почеток во 17:00 часот, и сè до 23:00 часот. Подготвен е специјален Scary Cocktail, а DJ Андреј Мицајков ќе ја следи страшната атмосфера со најдобриот музички избор во градот!

И, да не заборавиме – сите треба да дојдат маскирани, првите 50 маскирани гости ќе добијат Distrikt Scary Cocktail, а за двете најкреативни маски следува подарок од Дистрикт.

Почеток: 17.00 часот

МКЦ

Востание 2

Во ДDiehard Booking ви преставува ВОСТАНИЕ 2 заедно со:

LAST HOPE (Софија)
HARDFACED (Охрид)
B L А N K Ф I L E (Белград)
SCATTERED (Струга/Охрид)
UNENDING FURY (Скопје)

Карти во претпродажба на билетара во МКЦ по цена од 200 денари. На ден на концерт 300 денари.

Почеток: 19.00 часот

Public Room

Роденденот на Public Room е и ваш, затоа слободно поканете си пријатели, роднини, партнери, колеги за да прославиме и уживаме во дј сетот на one and only – Марко Настиќ!

Dress code: #elegant #casual #black
Ticket: #love #smile

P.S. Кој ќе ни постне најдобра фотка во евентот со еден од 5те хаштагови горе добива флаша виски од славениците! Минимален број на учесници:30.

Почеток: 22.00 часот

 Станица 26

Trus’me – Prime Numbers,UK 

Trus’me [Prime Numbers,UK]
Aleksandar Miskoski

Почеток: 23.45 часот

Сабота 29.10.2016

МКЦ

140 ГРАМА е нова клубска вечер која има за цел да ви го пренесе најдоброто од електронската музика.

Line up:
Aubrey
(Solid Groove, Ferox, Metroplex, Ostgut Ton) London, UK
Vemic
(Beyon House) Belgrade, Serbia
Doo
(Beyon House) Belgrade, Serbia
Vidinovski
(Drop Series, Argumento, 778)
Mirko Popov
(PMG)
Apostolski
(Drop Series)
Dejan Dex
(Hauz Music)
Diah
(Btkrsh / Code xx)
Bodan Jamakoski

Влез: 150 ден по  00:00 часот,  200ден.

Недела 30.10.2016

Concept 37

Креативно везење – отворена работилница со Damaja Handmade

На оваа работилница ќе ги научите основните подготовки и техники за рачно везење. За време на работилницата ќе креираме везен дизајн од кој подоцна може да изработите аксесоари или ѕидна декорација.

Доколку имате некој цртеж/дизајн кои би сакале да го извезете и/или облека на која сакате да везете земете ги со вас. Доколку немате ќе ви бидат обезбедени текстили и патерни на кој ќе може да ги вежбате и совладувате новонаучените техники.

Работилницата ќе трае 4 часа.
цена: 600 ден. со тоа што ќе ви бидат обезбени сите материјали потребни за работа, конци и ѓерѓев (обрач за оптегнување на материјалот).+ 300 ден. доколку сакате да си го понесете ѓерѓевот со вас:)

Бројот на места е ограничен. Прашања и пријавување во инбокс или на меил: contact@damajahandmade.com

Почеток: 16.00 часот

Дом на АРМ

Scott Henderson Trio

Скот Хендерсон е еден од најголемите, најпознати и највлијателни гитаристи во историјата на модерната музика.
Тој има исклучително успешна соло кариера а е познат и по работата со бендот Tribal Tech.

Неговиот најнов соло проект Scott Henderson Trio се движи низ фанк и џез фузија музичките бранови збогатени со шрапнел рекорди.
Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 600 денари.

Почеток: 20.30 часот