Театар Комедија

МКЦ

Emotional Landscapes :: Cinedays 2016

EMOTIONAL LANDSCAPES е насловот на новата безродова колекција на експерименталната модна етикета Лудус. Таа ја разработува темата започната со претходната колекција и е базирана врз фраза од песна на Бјорк од албумот Homogenic. Парчињата говорат за чувства на алармираност во јазик својствен за работата на Лудус. Публиката ќе има можност да погледне мултимедијален моден перформанс при што парчињата ќе ги носат модели избрани по пат на кастинг на социјалните медиуми.

Музика: Еми Ермилова

Почеток 20:30

Среда 16.11.2016

МНТ

Не се клади на енглези

Автор: Владимир Ѓурѓевиќ
Режисер: Синиша Евтимов

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн.

УЛОГИ
Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Буле

Сценограф: Илина Ангеловска (мебел – Home by Almak)
Костимограф: Ана Данчевска
Превод: Александар Микиќ
Светло – мајстор: Владо Ќулавковски
Тон – мајстор: Ненад Трпеновски
Инспициент: Никола Кимовски
Фотограф: Драган Гајиќ

Цена на билет: 300 денари

Почеток 20:00

Кино Култура

Антигона и Креонт

Антигона и Креонт
Според Антигона на Софокле, Антигона на Жан Ануј и Креонтовата Антигона на Миро Гавран
Адаптација: Нела Витошевиќ и Ивана Нелковска
Режија: Нела Витошевиќ
Играат:
Антигона – Симона Димковска Ивана Павлаковиќ Наталија Теодосиева
Креонт – Зоран Љутков Благој Веселинов Стефан Вујисиќ
Сценографија: Васил Христов
Костимографија: Розе Трајчевска
Избор на музика: Нела Витошевиќ и Васил Христов
Мајстор на звук: Виктор Андоновски
Дизајн на плакат: Филип Унковски
Цена на билет – 250 ден

Почеток 20:00

МКЦ

CinEmusic: Новиот Почеток

За крај на турнејата, Новиот Почеток ја завршуваат дома со концерт.

Почеток 22:30

Четврток 17.11.2016

Public Room

Избери журка / Zgjedh aheng

Со задоволство ве каниме на „Избери журка“ на 17-ти ноември во Јавна соба со
Irie Scratch, DJ Goce (SAF) и DJ Slave. Журката почнува во 20 часот.

Со „Избери журка“ се затвора младинската кампања „Избери што сакаш“ со која го промовиравме гласачкото право и нашата улога како активни граѓани во едно општество.

На журката ќе има изложба на сите дизајни на кампањата „Избери што сакаш“ а ќе започне со перформанс на дело од Брехт на млади уметници од ФДУ.

Почеток 20:00

МКЦ

CinEmusic :: Jherek Bischoff

Jherek Bischoff е композитор, аранжер, продуцент и мултиинструменталист од Лос Анџелес. Во неговите необични 30 години живот, тој има соработувано со Kronos Quartet, Bang on a Can, David Byrne и Neil Gaiman, и има настапувано во простори и на фестивали ширум светот, меѓу кои и Ројал Алберт Хол, Карнеги Хол, Рејдио Сити Мјузик Хол, на фестивалот Adelaide и на фестивалот MONA FOMA во Тасманија.њ

Почеток 21:00

Станица 26

Скопска ситуација

Џијан Емин + Game Over за незаборавна скопска ситуација.

Почеток 23:00

Петок 18.11.2016

Чифте Амам

КРИК – фестивал за критичка култура

КРИК има цел да ги промовира уметничките и културните практики како општествено релевантни алатки кои ќе придонесат за еманципација и демократизација на социо-културниот контекст
Програмите на КРИК се креирани за да поттикнат критичка дебата во јавната сфера преку која би се промовирал социо-културниот капитал како јадро кое е длабоко поврзано со најрелевантните политички и општествени теми: човекови права, право на култура, идентитетски прашања, насилството во јавната сфера преку политичкиот и економскиот апаратус, како и зајакнување на заедниците преку културни и уметнички практики.

Учесници на КРИК: Светлана Слапшак, Рената Салецл, Ана Вујановиќ, Бранислав Димитријевиќ, Славчо Димитров, Бранка Ќурчиќ, Катерина Колозова, Бранимир Јовановиќ, Петар Гошев, Кристина Ампева, Марсел Марс, Томислав Медак, Петар Милат, Мишел Теран и многу други.

Почеток 20: 00

Public Room

Петочно дружење со Housemasters и Искра Србиновска!

Членови на Housemasters:
Педо – гитара
Мучо – бас
Мичи – тапани

Почеток 22 :00

МКЦ

Cinescapes: Mnemonic45 & Obohtal

Mnemonic45 и Обохтал во живо ќе креираат нов соундтрак за сцени од делата на Мichelangelo Аntonioni, Ingmar Bergman, Werner Herzog, Андрей Тарко́вский, Kaneto Shindo.

+ Промоција на албумот “Mnemonic45 – Planetarium“, во издание на Ако никој не свири и МКЦ.

Влез: 100 денари, билетите се продаваат само на касата на МКЦ.

Почеток 23 :00

МКЦ

CinEmusic:: Wrangler Live

Наједноставно речено, Wrangler е новиот бенд на Stephen Mallinder, попознат како креативната половина на еден од најрелевантните и секако најквалитетни авангардни електронски бендови на сите времиња, неповторливите Cabaret Voltaire. Не е потребно да си голем познавач на музиката и културата во последниве декади, за да знаеш дека покрај Kraftwerk и Throbbing Gristle, Cabaret Voltaire се основоположници на формата и звукот чиј успех експлодираше во сите електронски насоки во модерниот свет.

Атмосферата за Wrangler ќе ја загрее скопскиот монархистички електронски состав Кантон6, еден од ретките македонски техно испостави кои се осмелуваат да настапуваат во живо.

Билетите во претпродажба 150, на врата 200ден.

Почеток 23:00

Станица 26

Flooder & Herzel

ДЏ сет на Flooder & Herzel овој петок во С26.

Почеток: 23:00

Сабота 19.11.2016

Public Room

Small Star Empires турнир и презентација

Здраво до сите идни вселенски императори и императорки!

Дојде денот кога повторно ќе може да се борите за галактичкиот трон! Повторно се организира настан (турнир) во Small Star Empires (или на нашки Мали ѕвездени империи), каде што ќе имате можност да поиграте некоја партија и да освоите некоја награда!

Почеток: 13:00

 Public room

Сабота во Јавна Соба

Саботна забава со Викторија Лоба и Боби – дј и саксофонист.
Vocal house за добро загревање пред диско .

Почеток: 22:00

Станица 26

[22.00] Wish.Ko & A.Miskoski

Музички сетови на Wish.Ko и А. Мискоски. Локација секако С26.

Почеток: 22:00

МКЦ

CinEmusic: Wooden Wisdom and DJ Fitz

Wooden Wisdom се двајца DJ-и – Turquoise Wisdom (Zach Cowie) и сјајниот актер и сопственик на издавачка куќа Илајџа Вуд (Elijah Wood – Фродо од Господарот на прстените). Ова дуо пушта класични фанк-соул траки, меланхолични стари инструментали, денс њувејв траки за шизење од 80-тите – главно, музика што ќе ве размрда!

Придружба им е DJ Fitz, чии сетови имаат една цел, да докажат дека постои и друга култура, таква којашто верувала или сè уште верува во психоделична музика.

Почеток: 23:00

Недела 20.11.2016

Кино Фросина

Reel Rock 11

И оваа есен по трет пат Скопје ќе биде сведок на најголемиот качувачки празник – REEL ROCK филмската турнеја, која стигна до своето единаесетто издание, во чии рамки ќе биде претставена најновата колекција на возбудливи качувачки филмови кои ги прикажуваат најголемите приказни и атлети во рамките на спортот. Петте нови филмови ќе ви донесат возбудлива акција, патувачки истражувања низ светот, голема смеа и вистинска инспирација.

Почеток: 20:00