Овен

Во текот на оваа недела ќе преовладуваат измешани чувства кај вас. Еден ден едвај ќе чекате да го видите партнерот, а веќе наредниот ќе ви оди на нерви. Пробајте да ги избалансирате работите и опуштете се. Во последно време не внимававте на храната која ја консумирате, па почнувајќи од денес можете да се погрижите за тој проблем. Не прескокнувајте го појадокот! Тоа е најважниот оброк во денот.

Бик

Вашата тврдоглавост нема да ве направи подобра личност, ниту да ви донесе плус поени кај другите. Потрудете се да го прифатите секој совет, како и секоја критика. Изненадете го партнерот со подготвување на вкусна вечера, тој ќе ви биде благодарен за тоа. Среда и четврток се поволни денови за забава и рекреација. Искористете ги најдобро што можете.

Близнаци

Работите на професионално поле полека се подобруваат. Во вторник можеби ќе имате можност да почеток на некој нов проект, но добро размислете дали ќе можете да го реализирате до крај. За време на викендот релаксирајте се дома гледајќи некој филм, време е да направите пауза од вечерните излегувања. Во недела, очекувајте подобрување на односот со вашиот партнер.

Рак

Прилично добро се снаоѓате со финансиите, што е многу добар знак, бидејќи ќе имате можност да ѝ докажете на околината колку можете и знаете. Приликата напредување на професионално поле ќе ја имате токму на почетокот на оваа недела. Среда, како ваш среќен ден, ќе ви донесе позитивни мисли во врска со иднината.

Лав

Неделата започнете ја дружејќи се со пријателите и разговарајќи за убавите моменти што сте ги имале во минатото. Во секоја работа што ќе ја започнете бидете горди на себе и завршувајте ја до крај, само така ќе можете да имате успех. Партнерот ќе се чувствува запоставено, затоа обрнете му малку повеќе внимание.

Девица

Поради обврските кои ќе ги имате неделава, можеби ќе немате толку слободно време за пријателите, нo треба да се потрудите секогаш да имате барем малку време за нив. Не постои нешто што релаксира повеќе од добар разговор со блиски пријатели. За време на викендот, очекувајте пријатно изненадување.

Терезија

Креативноста и иновативноста искористете ја за нешто ново. Покажете го талентот за пишување и можеби тоа е она што ќе ве исполни. Никогаш не е доцна за нова професија. Проблемите кои ги имате на работа, оставете ги на работа, во никој случај не носете ги дома, бидејќи така не само вие, туку  и сите околу вас ќе бидат нервозни.

Скорпија

Старите пријатели со кои сте загубиле контакт, ќе сакаат средба со вас оваа недела и ќе ви се извинат за грешките во минатото. Ќе се чувствувате малку осамено, но не поради вашата околина, туку поради вашата психичка состојба. Наместо да седите дома и да тагувате, излезете и запознајте нови луѓе. Можно е да започнете врска на далечина, но и сами сте свесни дека таа не секогаш успева.

Стрелец

Не верувајте на секому. Злите усти ќе сакаат да донесат расправии во вашата врска. Верувајте му на партнерот, тој многу пати има докажано дека треба да имате доверба во него. За поголема релаксација оваа недела, искористете го времето за пиење кафе со старите пријатели и добар трач муабет.

Јарец

Во понеделник поминете некое време сами со себе, и одморете од друштво и други луѓе, бидејќи така ќе го вратите загубениот баланс. На крајот на работната недела ќе имате мали проблеми на работното место. Немојте да кревате паника и не го правете проблемот поголем отколку што е, туку останете смирени. Викендот ќе ви биде поволен да рекреација и релаксирање на прекрасното време кое ви го нуди летото.

Водолија

Социјализирајте се и не пропуштајте го поминатото време со пријателите. Во текот на целата недела ќе се чувствувате како да чекате нешто цела вечност. Не се работи за некоја работа која претерано ве интересира, затоа бидете трпеливи. За викенд, можно е да имате потреба од шопинг. Обидете се добро да се организирате, со цел да не потрошите непотребно пари.

Риби

Ќе си направите услуга на себеси доколку бидете позитивни во текот на сите денови од неделата, без оглед на тоа дали вашиот љубовен живот не е онаков како што очекувате, или пак ве изморуваат обврските на работа. Кон крајот на неделата, ве очекува прилив на пари, со што ќе можете да си го овозможите посакуваниот шопинг.