Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на оваа недела.

Овен

Работа – Марс полека влегува во знакот на Девица каде нејзината моќ е ослабена и затоа не очекувајте сите нешта да се одвиваат по контрола или како што вие би сакале. Многу случувања ќе бидат надвор од вашата контрола. Од друга страна пак, оваа недела ви носи многу нови замисли и идеи, но и немири. Очекувајте позитивни промени на работа, но обрнете внимание на документите и договорите.

Љубов – Доаѓа до стабилизација на односите. Слободните припадници на овој знак ги очекува почеток на нова врска. Можна е дилема во однос на изборот на партнерот. Кај некои Овни доаѓа и до влегување на брачните води.

Здравје – Можни се болки во пределот на долниот дел поради недоволно движење.

Бик

Работа – Владетелот на знакот, Венера во Лавот е поволно поставена што значи позитивни моменти во однос на работата и доведување на приходите во ред. Оваа недела, работите ќе се одвиваат подобро отколку што сте очекувале. Можна  е добивка.

Љубов – Доаѓаат подобри денови и во љубовта. Ќе успеете да ги надминете сите проблеми во комуникацијата и да воспоставите позитивен однос со некој кој ви се допаѓа или пак со партнерот, доколку сте во врска. Доколку не сте во врска, можна е врска со некој кој го сметате за пријател.

Здравје – Чувајте се од повреди на екстремитетите и зглобовите.

Близнаци

Работа – Можно е некои работи да почнат да се одвиваат според неочекуван тек. Треба да бидете многу внимателни. Што и да се случи, бидете трпеливи и потрудете се да ги исправите грешките.

Љубов – Доаѓа до хармонија во вашиот љубовен живот.  По долгиот период на блокади, работите конечно доаѓаат во рамнотежа. Успеавте да изградите совршен однос, па сега слободно  можете да се препуштите на уживањето.

Здравје – обрнете повеќе внимание на исхраната, посебно кога станува збор за слатките.

Рак

Работа – Оваа недела ви носи голема поддршка од околината, особено кога станува збор за промени во кариерата. Бројните други аспекти ви велат дека некои луѓе будно го следат секој ваш чекор и затоа треба да внимавате.

Љубов – Надоаѓа период на мир и хармонија. Периодот на бурни емоции е позади вас, па затоа сега можете да се опуштите  и спокојно уживате во врската. Доколку не сте ги надминале суштинските разлики, дојде време да пресечете и продолжите понатаму.

Здравје – Ве очекува депресија, но внимавајте  не се задлабочувајте во сопствените мисли.

Лав

Работа – Работите се стабилизираат и доаѓа време за промени, нови акции и сериозно планирање на идните чекори. Внимавајте на финансиите и преиспитајте ги сите договори кои треба да ги склучите. Сепак, очекувајте подобрување на вашата ситуација.

Љубов – Доаѓа стабилен емоционален период, кој е поволен и за оние во врска, но и оние кои се сами.

Здравје – Минувањето време во природа ќе ви помогне да постигнете внатрешна хармонија.

Девица

Работа – По ретроградниот период, доаѓа време кога ќе можете да ги исправите претходните грешки. Сепак, избегнувајте докажувања во погрешно време, со погрешни луѓе и на погрешно место. Периодот е поволен за враќање и наплата на старите долгови. Можна е добивка од трансакции со недвижности.

Љубов – Доаѓа стабилен период. Ако сте сами, престанете да барате некоја апстракна среќа и сосредоточете се на конкретна цел. Ѕвездите се на ваша страна. Не минувајте време сами, излегувајте почесто.

Здравје – Добро се чувствувате. Намалете ги порциите и движете се почесто.

Вага

Работа – Оваа недела носи успех на работа бидејќи веќе периодот на стагнација поминува и се движите во насока на нови решенија. Избегнувајте го трачарењето, проверувајте ја секоја ситуација која доаѓа до вас. Внимавајте на конфликти и недоразбирања.

Љубов – Некој од вашето окружување е заинтересиран пријателскиот однос да го подигне на повисоко ниво. Сепак, добро размислете се пред да се впуштите во љубов со оваа личност. Ве очекува мистериозност.

Здравје – Променлив крвен притисок.

Скорпија

Работа – Овој период  носи многу желби и планови, но и исто толку збунетост. Успорете малку и внимателно проценете ја реалноста. Сатурн кој излезе од ретрограден период носи пари кои долго доцнеа. Прифатете го тоа што ви се нуди, бидејќи во спротивно нема да имате ништо.

Љубов – Многу врева заништо. Морате да одлучите што точно сакате и да се посветите на тоа за да дојдете до целта.

Здравје – Окупирани сте со многу обврски и планови, па ќе немате многу време да размислувате за здравјето.

Стрелец

Работа – Дојде време да ги исправите своите грешки и да тргнете по нов пак. Ќе успеете да ги завршите старите задачи и проекти.

Љубов – Овој период ви носи потреба да ги ревидирате старите работи и да внесете промени, но на траен начин. Ако сте сами, можен е контакт со личност со која долго не сте се виделе.

Здравје – Болки во нозете, проблеми со вените и зглобовите.

Јарец

Работа – Изгледа како да не управувате со своите мисли до крај. Подложни сте на големо влијание особено при носење на важните одлуки и што и да одлучите, ви носи каење. Овој период носи напредок во кариерата.

Љубов – Оваа недела носи добри планови, но дали тие ќе се реализираат зависи од многу фактори. Носи стабилност во љубовта, која ќе трае подолго.

Здравје – Време е да обрнете внимание на тегобите кои ве следат.

Водолија

Работа – Околностите во кои функционирате полека се менуваат и така ќе морате да ги прифатите сите нови правила и околности. Нема причина да давате отпор на промените. Направете мал напор работите да ги префрлите во ваша корист.

Љубов – по излегувањето на Марс од вашето поле на партнерства, нештата полека се стабилизираат. Време да ги расчистите работите кои ве оптеретуваат. Уживајте во она што го имате.

Здравје – Поради лоша исхрана, можни се стомачни проблеми.

Риби

Работа –Работите се блокирани, но можете да се потрудите и да ги искористите сите свои потенцијали и полека да напредувате.

Љубов – Марс ви покажува да бидете внимателни во комуникацијата бидејќи секоја мала ситница може да биде причина за конфликт. Освен тоа, Меркур се враќа во вашето седмо поле, па недоразбирањата се речиси неизбежни.

Здравје – Насобрани течности во вашиот организам ве прават мрзеливи и тромави. Користите природни диуретици и движете се повеќе.