Неделен хороскоп: 22-28 април

Доаѓа убава недела на празници и пролетни денови. Што ни носат ѕвездите оваа недела? За некои знаци успех на работното место, за други минатото е повторно актуелно.

Овен

Ова е ваш месец, но и ваша недела. Ве очекува голем успех на полето на работата.

Уживате во љубовта со саканата личност.

Можна е настинка.

 

Бик

Ве очекуваат мали проблеми на работното место, бидејќи колегите се сомневаат во вас.

Оваа недела повторно ќе сретнете личност од минатото, која ви ја враќа вербата во љубовта.

Добро се чувствувате.

 

Близнаци

Финансиската ситуација ви се подобрува, што ви создава мотивација за дополнителни напори.

Партнерот и понатаму е тука за вас. Ценете го тоа.

Одмарајте повеќе.

 

Рак

Работата цвета оваа недела, но ви треба одмор.

Ќе се разочарате од саканата личност, бидејќи се чувствувате како да не ве разбираат.

Одмарајте повеќе.

 

Лав

Не се оптоварувате со лошото окружување. Уште имате енергија и силна амбиција за работа.

Не се задоволувате со ситници, сакате вистинска љубов. 

Здравјето е добро.

 

Девица

Немате премногу слободно време, бидејќи насобирате многу обврски на себе.

Уште ја чекате вистинската личност за вас, а таа е поблиску одошто мислите.

Здравјето е добро.

 

Вага

Работите не одат како што сте планирале, но тоа не ве спречува да ги реализирате зацртаните цели.

Емоционалната состојба е подобра во однос на минатата седмица.

Добро се чувствувате.

 

Шкорпија

На работа, нижете успеси, но уште чувствувате некакво незадоволство.

Заљубени сте. Уживате во пролетта.

Спијте повеќе.

 

Стрелец

Една личност ќе ви помогне да дојдете до посакуваните резултати на работа.

Личност од минатото е сèуште актуелна кај вас.

Здравјето е добро.

 

Јарец

Имате мног обврски на работа и единствено што сакате е одмор.

Имате убави романтични мигови со партнерот.

Добро се чувствувате, имате енергија.

 

Водолија

Не ги исполнувате очекувањата на надредените. Тоа создава негативни ефекти.

Заљубени сте и не престанувате да мислите на таа личност.

Ве мачат алергии.

 

Риби

Доаѓа до стабилизација на финансиската ситуација. Направете нови планови и продолжете напред.

Љубовта цвета и оваа недела.

Проблеми со грбот.