Неделен хороскоп: 13-19 ноември

Прочитајте што ве очекува во текот на ова недела.

Овен

На работа ви недостасува трпение бидејќи се трудите на сила да решите некои проблеми кои моментално се во застој. Иако сте упорни, не зависи сè од вас, а на колегите не им одговара вашето темпо и  не им се брза никаде.

Ако сте во врска, може да се случи партнерот да ве притисне да прифатите некои предлози и сугестии кои вам баш и не ви одговараат. Ако сте слободни, конечно ќе налетата на личност која ви се допаѓа.

Бик

Важно е да имате на ум дека следи многу напорна недела која ќе ве исцрпи физички и психички. Важно е добро да се организирате за да ги завршите обврските на време.

 Ако сте во врска и самите се убедувате дека нештата се во ред, треба навистина да се запрашате дали е тоа така. За слободните, тие конечно ќе решат да и пријдат на личноста која им се допаѓа и нема да се откажат од таквата цел. Со лесно!

Близнаци

Во главата имате хаос од милион планови, но ништо конкретно не можете да реализирате, само се блокирате себеси. На работа ви следи подобар однос со колегите и шефовите.

Зафатените Близнаци се трудат да им угодат на своите сакани и тоа ќе им оди добро. Пред вас е една убава и романтична недела. Слободните Близнаци ќе имаат проблем со неодговарањето на повиците и пораките од некој кој им се допаѓа.

Рак

Можете да сметате на многу сериозни планови кои ќе ви бидат дадени од надредените. Немојте да дозволите да ве фаќа нервоза, бидејќи нема никаква причина за тоа.

Зафатените Ракови оваа седмица ќе се трудат да бидат на блага дистанца со саканата личност. Слободните не се многу заинтересирани за љубов и имаат препотентен и арогантен однос кон оние кои ќе им пријдат.

Лав

Можни се службени патувања, а парите ќе стигаат од сите страни. Тоа е многу убава недела кога станува збор за работата.

Ако сте слободни, сметајте да запознаете личност која е слична на вас, а тоа ќе се случи на некое важно случување или собирање. Ако сте во врска, ќе ве мачи тоа што еден ден сè е прекрасно, а потоа следниот ден не сакате да ги видите.

Девица

Ако не сте максимално фокусирани на задачите и целите, ќе направите многу грешки. Слушајте внимателно што се бара од вас.

Зафатените Девици се прилично ранливи и најмал лош збор може да ги повреди или расплаче.  Слободните Девици се сигурни и не дозволуваат некој лесно да им пријде.

Вага

некои од вас пред себе гледаат одлична работна можност и се спремни да ја гравнат. Малку е веројатно дека договорот ќе се случи оваа недела, но полека ќе се оствари замисленото.

Слободните Ваги се полни со страст и не размислуваат премногу околу луѓето со кои минуваат време, бидејќи знаат дека тие се минливи. Зафатените Ваги се во фаза на монотонија и тешко наоѓаат заеднички јазик.

Шкорпија

Работите напорно и можеби е време да замете одмор или да отпатувате пред новогодишните празници. Важно е да ја оставите малку работата на страна, бидејќи психички ве истоштува.

Зафатените претставници на овој знак кријат нешто од своите партнери, па влегуваат во фаза на депресија. Слободните полека заведуваат некоја личност која веќе долго време им се допаѓа.

Стрелец

Непромисленоста може скапо да те чини, посебно бидејќи сакате на другите сè да им кажете „во лице“ и веднаш. Потребно е малку да калкулирате и внимателно да постапувате. Не го кажувајте мислењето баш секогаш.

Кај зафатените Стрелци ништо ново. Врската е идилична и добро е така да остане. Слободните Стрелци имаат шанса да бидат освоени од некој кој има различни ставови од нив.

Јарец

Вам другите ве насочуваат на работа и тоа ви одговара. Моментално не сте во фаза кога сакате премногу да размислувате и да се ангажирате, ви одговара мир и тишина. Ако сте во врска, очекувајте романтична и пријатна недела, а можно е партнерот да ви подготви некое изненадување. Слободните не треба да очајуваат бидејќи имаат можност да сретнат интересна личност на работното место.

Водолија

Се случуваат многу интересни работи веќе некое време. Ве очекува унапредување на работа или некој проект кој ќе ви донесе поголема заработувачка.

Слободните Водолии полека го добиваат вниманието на личноста која им се допаѓа, и затоа треба да одговарат на сличен начин. Зафатените се расправаат често со својот партнер и тоа е главна причина за кавги и нетрпеливост.

Риби

На работното место се соочувате со хаос, но сите работи се менуваат од минута во минута. Зафатените Риби се во добри односи со партнерот и ништо не им пречи. Слободните Риби немаат време за љубов бидејќи се зафатени со работни обврски.