Во Кинотеката на Македонија, од денеска до 6 октомври ќе се одржи Неделата на современ јапонски филм, во чии рамки ќе се прикажат филмови од современата јапонска кинематографија.

Оваа ревија ќе започне денеска со проекцијата на филмот "Насекаде околу нас" во режија на Хашигучи Ријосуке, а потоа следуваат проекциите на филмовите "Писмата" во режија Шоно Џиро, "Скиците од градот Каитан" на Кумакири Казујоши, "Мајката на Пекоросу и нејзиниот живот" на Морисаки Азума, и "Да се биде добар" во режија на Ох Мипо.

Сите филмови се со македонски и англиски превод. Проекциите започнуваат во 20 часот, а влезот е бесплатен.