Не заборавајте: Семејството е најважното нешто за време на празниците

 

Ретки се оние кои можат да нè изнервираат повеќе од нашето семејство. 

Коментарите и муабетите на нашите родители, различното размислување на нашите браќа и сестри, претераната грижа од нашите дедовци и баби и прашањата на нашите тетки. Но, тоа е нашето најголемо богатство.

Често забораваме на нив и  празниците се период кога времето со нив знае да ни донесе стрес, но тие се најважното нешто во нашиот живот. Од нив учиме важни лекции за животот, од нив ја добиваме најголемата поддршка, имаме најголема сигурност, знаеме дека секогаш имаме на кого можеме да сметаме. 

Не постои ништо силно на овој свет  како поврзаноста со оние со кои израснавме, созревавме и со кои делиме толку многу работи во животот. Не постои поубав мирис од мирисот на семејната трпеза и поубав звук од заедничката смеа. 

Не можете да ги избирате и веројатно многу ве нервираат, но тие се единствените луѓе на светот кои ве прифаќаат онакви какви што сте, без услови и без пресметки. 

Искористете го ова време за да се потсетите на оние кои не се веќе на овој свет, а да ги прегрнете и сакате оние кои се тука. Оние кои секогаш ќе бидат тука за вас и кои никогаш нема да заборават на вас.