Не заборавајте: Кога зрачите среќа и светлина, ги иритирате оние кои живеат во омраза, бес и темнина

Зависта е илјада пати полоша од гладта, бидејќи тоа е душевна глад. Мигел де Унамуно

Веројатно многу пати сте се соочиле со ситуација кога едноставно блескате од среќа и сакате да го поделите таквото чувство со другите, а како одговор добивате само прекор и неодобрување. 

Но, зошто вашата внатрешна светлина ги нервира оние кои живеат во темнина?

Тоа се случува мошне често. Во нашиот живот постојат луѓе кои се буквално исполнети со светлина и осветлуваат сè  околу себе, а постојат и оние кои зрачат спротивно од светлина, тие како да шират отров околу себе. Чудно е како секогаш се појавуваат кога сакаме да го стоплиме светот со тоа што го чувствуваме.

Не го сфаќајте тоа лично, воопшто не ги интересирате овие луѓе, тие се многу деструктивни. Тие не шират отров и лошо расположение само кон вас, туку и кон сите други, па и кон самите себеси. Тие мислат дека ќе се чувствуваат подобро ако ви ја одземат светлоста, но не е така.

Ако една личност не е во состојба да ја сподели со вас вашата среќа, тогаш што барате околу неа? Бегајте што подалеку. Кога имате радост на душата,споделувајте ја со оние кои добро ги познавате. Само оние кои вистински ве разбираат. Многу лесно ќе ги најдете луѓето околу себе, таквите луѓе.Ќе ги препознаете. Тие ви даваат убав збор, насмевка за возврат, топла прегратка.

Другите, оние другите живеат во темнината. За нив, не постои топлината на прегратката и светлината на насмевката. Тие уживаат во својата мизерија, зошто би се радувале на вашата среќа, ако не можат да ја препознаат  ни за себе?

Нека свети вашата светлина, но само за оние кои ја препознаваат.