Не ве плаши самотијата, ве плаши помислата дека нема да пронајдете вистинска љубов...

Не ве болат лошите врски, туку вашето чувство на немоќ додека сте дел од нив.
Не ве мачи лутината на другата личност, туку тоа што заради страв не сте изреагирале подобро.
Не ве лути тоа што некој друг ве напаѓата, туку ве лути тоа што вие сте го дозволиле тоа.
Не ве мачи малата плата, туку тоа што не верувате дека заслужувате повисока плата.
Не ве плаши самотијата, ве плаши помислата дека нема да пронајдете вистинска љубов.
Не сте под стрес затоа што сте уморни, туку затоа што на сопствениот грб сте си натрупале премногу обврски, а себеси сте се ставиле на последно место.
Немате недостаток на енергија, туку вишок од негативни мисли кои ве трујат.
Не ве исцрпува шефот, туку уверувањето дека морате да го трпите.
Не е до оние кои ги поттиснуваат, туку до вас, затоа што не верувате дека заслужувате подобро.
Не е денот тежок, туку тешки се вашите мисли кои го прават денот таков.
Не е проблемот во тоа што немате, туку проблемот е што не сте среќни со тоа што го имате. Ниту благодарни.
Не е до тоа што другите не ве сакаат, туку до тоа што вие не се сакате себеси.
Секогаш, секогаш, секогаш е до нас. Сѐ доаѓа од нас самите и сѐ ни се враќа на истиот начин. Промената која ја барате не е таму некаде, туку се крие во личноста која ја гледате во огледало.
Секогаш и засекогаш.