Не умираш кога другите ти кажуваат како да живееш, туку кога ти не живееш како што сакаш

Не умираш кога ќе те изневери партнерот, туку кога ќе се изневериш самата себе.

Не умираш кога тој ќе заборави на твоите желби, туку кога ти самата ќе ги заборавиш сопствените желби.

Не умираш кога тој ќе прокоцка сѐ што ти е важно, туку кога ти ќе заборавиш што ти е важно.

Не умираш кога другите те плукаат и ти кажуваат погрдни зборови, туку кога тие зборови ќе ги прифатиш како вистина.

Не умираш кога другите ти кажуваат како да живееш, туку кога самата не живееш како што сакаш само за да ги задоволиш другите.

На крајот всушност умираш од самата себе.