Не треба да ги убедувате другите дека сте среќни, прво треба да се убедите себеси!

Не треба да живееш на сила. Да сакаш на сила. Да остануваш на сила. Да раѓаш на сила. Да се обидуваш на сила. Да се смееш на сила. Најлошото нешто што може да ти се случи е силувана душа. Таа болка те уништува дури и кога изгледа дека сѐ е во ред. Таа болка не се лечи со таблета. Таа болка може да те направи кираџија во сопствениот живот, а тоа е многу поскапо од тоа навистина да бидеш нечиј кираџија. 

За да имаш мирна душа, важно е да живееш онака како ќе ти шепне гласчето во твоите гради, во твоето срце, дури и кога тоа бара од тебе да направиш радикални промени. Тие можеби ќе бидат болни, можеби ќе помислиш дека немаш сила или поддршка, но не грижи се, нема посилно нешто од човек кој е мотивиран. 

Не треба да се плашиш од ризици. Буковски има кажано: „Ако решиш да се обидеш, оди до крај. Тоа би можело да значи да гладуваш три или четири дена или да се смрзнеш на клупа во парк. Може да значи исмејување и изолација. Ако се обидуваш, оди до крај. Не постои ниту едно друго чувство за тоа. Ќе бидеш сам со боговите, а ноќите ќе вивнат во пламен!“

Не треба да ги обвинуваш другите за своите неуспеси, сам пукаш, сам ја бираш метата. Никој нема да ти го наруши мирот во душата освен ти самиот.

Не би требало тажен да си заминеш од овој свет, само затоа што не си го направил она што си го сакал или затоа што не си сакал онолку колку што си можел. Немој да калкулираш со љубовта, остави ја да те полуди, нека ти открие некој друг дел од тебе, нека те ослободи, нека те промени, препушти ѝ се. 

Не треба да ги убедуваш другите дека си среќен, прво убеди се самиот себе.

И за крај, никогаш не дозволувај да се чувствуваш заробено. Човек во затворска ќелија понекогаш може да биде послободен од тебе. Слободата не е затворен или отворен простор, слободата е затворената или отворената душа. 

Сам избираш што те прави жив.

Сам избираш кога ќе умреш.