Не ти недостига бившиот, ти недостига љубовта...

Мислиш дека тој ти недостасува? Мислиш дека ти недостасува начинот на кој те држеше за рака во летните месеци или начинот на кој те прегрнуваше во зима? Или името кое го имаше смислено само за тебе?

Вистината е оваа: Тебе ти недостига љубов.

Тебе не ти недостасува неговата рака. Тебе ти недостасува рака за која ќе се држиш. Тебе не ти недостигаат неговите усни, туку ти недостигаат усни кои ќе ги бакнуваш. Тебе не ти недостасува начинот на кој те тешел кога си била ранлива, тебе ти недостасува некој кој ќе биде покрај тебе. Ти недостасува љубов која никогаш нема да те напушти.

Тебе ти недостасува довербата.

Тебе ти недостасува некој кому ќе можеш да ги кажеш своите тајни и желби, а тој ќе те слуша и ужива. Тебе ти недостасува некој на кого ќе можеш да се потпреш кога ќе ти затреба. А не некој кој побегнал од тебе баш кога најмалку си очекувала.

Но, те молам, немој да ја мешаш својата осаменост и таа дупка во твоето срце, со тоа дека тој ти недостасува.

Ти повеќе не го познаваш. Можеби никогаш и не си го познавала. Ти повеќе не ја знаеш таа личност. Повеќе не знаеш која му е омилената кошула. Не ја знаеш неговата омилена пијачка, омилениот бенд, а сигурно не знаеш на која и се насмевнува по долгиот работен ден.

Повеќе не го познаваш мажот кој си го сакала.

Види, не можеш да сакаш некој кој сега ти е странец. Не може да ти недостасува некој кој сега ти е само познаник. Дух од минатото. Спомен.

Оваа празнина која ја чувствуваш не е поради отсутноста на некој што си го сакала. Тоа е само отсуство на љубовта. Желба за нечија близина. За некој кому можеш да ги раскажеш најдлабоките стравови, а тој некој ќе те заштити, смири и ќе биде покрај тебе. Всушност тебе ти недостасува некој кој ќе го сакаш.

Твојот поранешен дечко е сега далеку. Тој повеќе не е истата личност која ти ја сакаше, ниту пак ти си истата личност. Луѓето се менуваат од минута во минута, затоа што секој ден носи нешто ново. И затоа прифати и сфати дека тој не е личноста која ја сакаш, затоа што да беше немаше да ти биде поранешен дечко.

Ти само копнееш во љубов.

Копнееш за чувството да бидеш потребна некому и имаш потреба за некого.

Ти копнееш да бидеш обожавана.

И во тоа нема ништо лошо. Нема ништо лошо во копнежот по љубовта. Само не го мешај тој копнеж со копнежот по љубовта од минатото. Немој да ја мешаш таа празнина, затоа што него го нема повеќе.

Тебе ти недостасува љубов, а не поранешниот дечко. Ти веќе не знаеш кој е тој, ниту пак каде е, но многу добро знаеш што е љубов. Тоа е љубов која засекогаш ќе постои. А не маж кој те напуштил пред година-две.