Не сум огорчена, само се надевам дека ќе добиеш на лото и дека ќе го изгубиш ливчето!

Дали таа беше подобра? Дали ти ја даваше возбудата којашто јас ти ја давав? Воздишките и морниците кои ти лазеа по телото додека лежевме заедно?

Се надевам дека не.

Ти беше возбуда. Свеж воздух од дното на белите дробови. Ти направи да размислувам побистро. Поради тебе не можев да спијам. Постојано сонував. И преку ден и навечер.

Се надевам дека се прашуваш.

Се надевам дека знаеш што изгуби.

Не сега. Се надевам дека нема да те боли како што ме боли мене. Се надевам дека подоцна ќе те боли.

Велат дека времето лечи и знам дека е така. Но, се надевам дека твојот фластер ќе падне и дека твоите рани ќе се видат. Се надевам дека црното кафе кое толку го сакаш ќе стане неподносливо горко. Се надевам дека твојата омилена серија ќе стане тапа. Се надевам дека работите кои некогаш те правеа среќен, одеднаш ќе избледат.

Види, јас не ти го посакувам најлошото, но сигурно не ти го посакувам најдоброто.

Само посакувам. И се надевам.

Се надевам дека сфаќаш дека не ја сакаш. Ги имам видено твоите очи кога зборуваш за нешто што го сакаш. Тие сјаат. Тие се замаглуваат кога си тажен. Будало, ни таа не те сака тебе.

Сакам да ти заблагодарам. Иако се уште сум емоционално оштетена, мојата сила почна да се враќа. Иако срцето ми тежи, се уште имам надеж.

Имам надеж за иднината.

Имам надеж дека постои љубов за мене некаде таму. Се прашувам дали и ти некогаш ќе најдеш љубов.

Се надевам дека срцето не ти е тешко како моето. Се надевам дека ти е потешко. Се надевам дека твоите денови се подолги и поосамени. Се надевам дека се сеќаваш на моите љубезни зборови.

Се надевам дека се