Не сум истата девојка која бев претходната година...

 

Сите се менуваат. Учиме, растеме, искусуваме нови работи. Се што ќе сретнеме има некакво влијание врз нас. Едноставно така оди животот.

Најчесто овие промени се суптилни и се случуваат во период од неколку години. Толку се суптилни, што речиси и не ги забележуваме.

Но, за себе можам да кажам дека највеќе се променив во изминатата година. Толку многу што дури и на моменти не можам да се препознаам себеси.

Претходната година ги тестираше моите граници, ме удираше силно и ме бутна на земја. Повеќе плачев, повеќе се смеев и повеќето од деновите бев збунета.

Ми се скрши срцето. Изгуби пријатели. И научив дека сите оние „тоа нема шанси да ми се случи на мене“ ситуации, всушност најверојатно ќе се случат.

Истовремено стекнав нови пријатели кои ме научија и инспирираат повеќе отколку што можев да замислам. Тие се трудат да направат да не го сфаќам животот пресериозно, но ме поттикнуваат секој ден да работам напорно. Тие се тука за секое смеење од кое боли стомак и за секое болно плачење.

Морав да научам како да ги пуштам луѓето во животот додека си ги лечам раните. Не беше лесно и ја преиспитував секоја можна одлука. Но, не жалам за ништо. Не ни можам.

Научив премногу и искусив преважни работи за да можам да речам дека сакам да се вратам назад.

Дали се гордеам со сите мои одлуки? Не. Дали кажував и правев работи кои можеби не требаше да ги кажам и правам? Да. Но, тоа ми помогна да пораснам.

И вредеше.

Девојката која сум денес не се плаши да греши се додека учи од тие грешки. Мислев дека порано бев силна, но сега сум посилна. Знам како да го слушам срцето без комплетно да го игнорирам разумот.

Научив како да се ослободувам од работите и како да не ги поттиснувам моите чувства. Да бидам отворена за нови луѓе и искуства и да ги ценам луѓето околу мене.

Со секоја загуба добивав нешто ново. Се уште сум млада и се уште немам откриено се. И сигурно ќе правам уште глупави грешки. И животот ќе продолжи да ги тестира моите граници.

И тоа е океј.

Јас сум на патување да ја откријам својата најдобра верзија. Која и да е таа. Тоа го знае само иднината.