Не сум доволно добра за тебе: Чист доказ за тоа колку љубовта боли!

Кога станува збор за љубовта, тука никој не е рамнодушен. Единствената разлика е во тоа што има луѓе кои сакаат да имаат озбилна и нормална врска, но и луѓе кои не сакаат да се врзуваат и да се смируваат.

Меѓутоа, што се случува кога ќе запознаете некоја личност со која влегувате во некоја приказна, но и самите знаете дека таа не ви припаѓа вам?

Една девојка напишала отворено писмо наменето за момчето со кое била година и пол во некаков вид врска и во него ги опишала сите тешкотии низ кои поминувала покрај него.

Нејзиното писмо го пренесуваме во целина:

„До оној кој ме пушти да си одам.

Сфаќам, конечно се ми е јасно. Работите супер се развиваа и нашето пријателство се зголемуваше. Постојано се дружевме, хемијата беше одлична, сексот беше прекрасен.

Се обидуваме  да зборуваме за некаква потенцијална заедничка иднина, но ти кажа дека не сакаш да започнеш врска. Но, тоа беше пред една година, а ние и понатаму сме во истиот маѓепсан круг.

Тоа е во ред, го почитувам тоа дека не сакаш романтична врска. Гледам дека си обиколен со голем број жени со што ми покажуваш дека ние двајца сме ништо, како ние двајца воопшто да не постоиме како пар.

Од друга страна, постојано се дружиме, постојано ми се јавуваш и на крај некако пак завршуваме заедно, а со тоа и ми даваш лажна надеж.

Тоа ме боли повеќе отколку што можеш да замислиш, затоа што знам дека изгледаш добро и знам дека можеш да ја имаш секоја девојка која ќе ја посакаш. Јас никогаш не би можела да се натпреварувам со тие прекрасни девојки.

Заради сите убави моменти кои ги поминуваме заедно, јас ја игнорирам болката која ми ја нанесуваш и ти го посветувам сето мое слободно време.

Ја разбирам твојата потреба да заведуваш други жени и знам дека сакаш да живееш безгрижно, но она што јас навистина го сакам е да бидеш мој и да ме сакаш.

Не сакам да слушам од нашите заеднички пријатели за твоите авантури по ноќните клубови, туку сакам да ја украдам твојата слобода и да те врзам за себе.

Знам дека тоа е рецепт за катастрофа затоа што нашиот чуден однос трае веќе година и пол. Кој е нашиот статус? Не можам да те наречам дечко, ни пријател, ни афера. Но, можам да ти кажам дека е време да продолжам понатаму.

Можеби таа одлука требаше да ја донесам уште пред една година, но ако не можеш да одредиш на што си со некоја личност, направи си себеси услуга и излези од тој однос.

Ти ја посакувам целата среќа на овој свет и успех во се што правиш. Ти си супер личност, забавен и знам дека немаш лоши намери. Од нашиот однос, кој ми донесе навистина многу тага, навистина научив многу.

Заради тебе знам што сакам и знам како сакам некој да се однесува со мене.

Ако овие зборови се последни кои ќе ги размениме, сакам да знам дека секогаш го ценев твоето друштво, твоите маани и деновите кои ги поминувавме заедно.

Се надевам и дека ти си научил нешто од мене и дека ќе го пронајдеш тоа што го бараш. Ти си згоден, паметен, шармантен, забавен и незаменлив.

Не можам да ги дадам повеќе од она што веќе ти дадов и не можам повеќе да се грижам за тоа дека не сум доволно добра за тебе. Не можам вечно да те чекам.

Искрено,

Девојката која продолжи понатаму“.