Не сум девојката која бев кога се запознавме...


Се променив, најмногу поради тебе.

Повеќе нема да верувам во се што кажуваш затоа што го имам слушнато и порано. Нема да седам цела вечер будна чекајќи те, затоа што знам дека најверојатно нема да се појавиш.

Нема да оставам се за да бидам со тебе, затоа што секогаш ја затвораш твојата врата кога чукам на неа.

Нема да чекам цел ден и цела вечер за да ме сакаш. Нема да мислам дека сигурно е до мене. Се научив да се сакам себеси повеќе, а тебе помалку.

Проблемот е што ти ме промени, но тоа е токму тоа што ми требаше за да станам подобра личност, да бидам посилна и помудра. Личност којашто не верува во твоите слатки лаги.

Нема да бркам други од мене само затоа што тие не се ти. Нема да излегувам на состаноци и да мислам на тебе цело време.

Ќе лажам ако кажам дека не мислам на тебе, но сликата полека избледува. Би лажела ако кажам дека те преболев, но можам да се замислам себеси до друг. Некој кој ќе се однесува подобро со мене, некој е сигурен за мене.

Не сум девојката која бев кога првпат се запознавме. Не сум девојката којашто те сакаше повеќе од себеси.

Но, вистината е дека сега повеќе си се допаѓам, ми се допаѓа каква личност станувам, ми се допаѓа тоа што сега јас и ти сме еднакви.

Ми се допаѓа тоа што не мислам дека си подобар од мене или дека сум среќна што зборуваш со мене.

Ми се допаѓа тоа што можам да те сакам поради тоа што си, а не поради тоа што мислам дека можеш да бидеш.

Ми се допаѓа тоа што можеш да видиш која сум навистина, а не онаа која што глумеше за да те импресионира.

 Ти ме промени кога си замина затоа што ме натера да сфатам дека колку и да се трудам да те задржам, ти нема да останеш.

Ти ме промени кога правеше да се чувствувам дека не ти значам ништо, затоа што ме натера да сфатам дека тоа нема да значи ништо се додека не си бидам се на себеси.

Ти ме промени кога не успеа да ме сакаш и така направи да се засакам себеси.

Вистината е дека не сум девојката која бев кога првпат се запознавме, па затоа не очекувај повторно да ја видиш таа девојка и се надевам дека и ти не си момчето коешто беше кога првпат се запознавме.

Се надевам дека овие години кои ги поминавме разделени, растејќи и откривајќи се себеси, ни помогнаа да се цениме повеќе и да ја цениме невиноста и искреноста којашто ја делевме.

Се надевам дека овие години ни помогнаа да сфатиме дека и двајцата заслужуваме да ја најдеме љубовта која ја бараме, дури и кога не сме си тоа еден на друг.

Дотогаш, те предупредувам дека се променив, но ти ветува дека се уште сум девојката која љуби со целото срце. Разликата е во тоа што нема никому повеќе да ја давам, затоа што на крајот на краиштата, тоа ми припаѓа мене и е дел од мене.

cheap nike free run 5.0