Не сте одговорни за реакциите на другите луѓе, престанете да им се извинувате

Живееме во брзо време кога голем дел од луѓето се натпреварувачки настроени и воопшто не се грижат за чувствата на другите луѓе.

Но, постојат и оние кои се добри луѓе и кои тешко се носат со ваквото време. Кога некој ќе ги навреди или повреди, тие се оние кои се извинуваат.

Дали сте биле во ситуација кога некој ќе ве удри со рамо, а вие сте тие кои велат извини?

Ако сте таква личност, престанете да го правите тоа.

Претераното извинување станува негативен тренд на модерното доба, а посебно влијание има над жените.

Секако дека извинувањето е важно кога сте згрешиле, но не правете го тоа кога немате никаква вина. Потрудете се да увидите колку често се извинувате без потреба и да ја искорените таквата навика. Не е само тоа што велите некому извини, туку и чувството кое го имате додека го правите тоа. Не се чувствувајте виновни, или пак одговорни за однесувањето на другите луѓе.

Заменете го извинувањето со некаков друг збор, или пак со едноставна насмевка. Не е лесно да ја смените ваквата навика доколку веќе ја имате, но потрудете се поинаку да реагирате следниот пат кога ќе се случи тоа.

Пробајте.