Не сте го добиле овој живот за да се жалите колку ви е досадно и да сакате да побегнете од сѐ

Не сте го добиле овој живот за да зборувате дека ви е досадно и да гледате како да побегнете од секоја битка, како да се ослободите од секоја одговорност и да се повлечете од сите работи кои ви ги носи животот. Вие сте дошле на овој свет за да ги видите и пробате сите негови предизвици и да се обидете да се носите со нив. Вие сте дошле на овој свет за да го истражите сето она што ви го носи новиот ден и да го дознаете опсегот на вашите можности. Сѐ останато е само пораз кој самите сте го прифатиле.

Не сте го добиле овој живот за да се изгубите себеси во бучавата на различни ставови, вие сте го добиле овој живот за да го истакнете она што сте и она во кое верувате, за да се борите за некаков идеал и да покажете дека е можно да оставите некаква трага. Не сте дошле тука за да се жалите дека е тешко и да барате излез во некој друг свет во кој цветаат рози, туку за да сфатите дека и тука би цветале рози доколку самите ги засадите и негувате.

Не сте го добиле овој живот за да ја чекате шансата некаде во иднината, туку сега и тука, со времето кое ви е на располагање и која сѐ уште не ја препознавате затоа што не е таква каква што мислите дека треба да биде. Не сте го добиле овој живот за да молчите на неправди, за да затворате очи на она што се случува околу вас и да се плашите и од сопствената сенка, да зборувате дека на другите луѓе им е подобро и на крајот да чекате само да пројде вашето време во неволјите кои самите сте ги создале. 

Вие сте го добиле животот за да живеете сега, а не да одложувате сѐ, мислејќи дека сите работи мора прво да се средат онака како што вие очекувате. Вие сте го добиле овој живот за да не учите дека не ги решавате проблемите со исфрлање на лутината и бесот на другите и дека така само ги зголемувате проблемите. Вие сте го добиле овој живот за да откриете кои сте и што е она што го сакате и во кое вистински уживате за да можете да го искористите времето на најдобар начин.

Има само една причина поради која животот не е вечен, а тоа е да го искористите сегашниот момент најдобро што можете не одложувајќи ги работите и не очекувајќи чуда од некаква неодредена иднина.