Не стапувајте во брак пред да ги одговорите овие 15 прашања

Доколку не сте во врска и сте во потрага по партнер, веројатно минувате одредено време размислувајќи што сакате – физички и емотивно.  Ако пак сме во врска, веројатно се прашуваме дали личноста со која сме во врска е таа вистинската.

Треба да знаеме дека ги привлекуваме и нè привлекуваат луѓе со исто ниво на љубов и самодоверба како нашата, важни се и  неколку прашања кои треба да си ги поставиме себеси.

Карактер

Дали ви е важно да бидете со партнер кој е отворен кон нови работи и промени и кој е подготвен за компромис кога нештата ќе тргнат на лошо?

Дали сакате партнер е добар и љубезен, искрен и кој поседува интегритет?

Дали сакате партнер кој е среќен со својот живот?

Дали сакате партнер кој е близок до членовите на своето семејство и кој има блиски пријатели?

Дали сакате партнер кој има добра смисла за хумор и кој е забавен?

Физички карактеристики

Дали ви е важно вашиот партнер да биде активен?

Дали се грижите за тежината и висината на таа личност?

Дали сакате средена личност или некој кој не обрнува претерано големо внимание на својот изглед?

Образование и интелект

Дали ви е важно да сте на исто ниво на интелигенција и академско ниво?

Дали би се согласиле да бидете во брак со личност која има завршено само средно образование?

Дали е важно вашиот партнер да чита и поседува книги?

Животен стил

Дали сакате личност која е организирана?

Дали е важно вашиот партнер да знае да готви?

Дали ви е потребен партнер со кој ќе ги делите домашните обврски и одговорности?

Дали сакате личност која се грижи за своето здравје и негува здрави навики и животен стил?

Иако ова се навидум едноставни прашања, сепак обидете се да си дадете одговор на нив и ќе сфатите дека не можете да сакате, но и да очекувате сè од ова од вашата сакана личност, но многу важно е да знаете што сакате и да ги одредите своите приоритети во однос на партнерот.