Не се залажувајте, љубомората не е доказ за љубовта

Љубомората е честа тема кога станува збор за љубовта и емоциите. Чести се полемиките околу тоа колку е таа добра за врската и дали покажувањето љубомора всушност значи дека некого сакаме.

Едни сметаат дека таа е доказ за љубовта, а други пак сметаат дека таа е вистински проблем за врските.

За почеток, добро е да се направи разлика меѓу реакцијата на реално загрозувачката ситуација по вашата врска или брак. Да замислиме ситуација дека вашиот партнер флертува пред вас или пак ја напушта просторијата секогаш кога зборува на телефон за да не го слушнете разговорот. Овие ситуации можат да разбудат сомнеж во вас и нормално е да реагирате и посакате да разговарате отворено и искрено со својот партнер во однос на таквото однесување.

Ви друга ситуација, партнерот ви е посветен кога е во ваше присуство, секогаш ви одговара на пораките, има свои интереси и пријатели и вашата врска одлично функционира. Сепак, вие постојано сте обземени со сомнеж, страв дека вашиот партнер не ве сака доволно или дека се гледа со друга личност. Во вашата глава смислувате сценарија, ги проверувате пораките, го истражувате неговиот профил на социјалните мрежи. Оваа реакција е љубомора која е вистински проблем за секоја врска. Тогаш станува збор за дисфункционална реакција која морате да ја промените за да функционирате адекватно во еден здрав, меѓучовечки однос.

Во основа, љубоморните реакции се врзани со стравот на една личност да не биде оставена, а со самото тоа и повредена и отфрлена. Вообичаено, таа се јавува кај луѓе кои имаат негативна слика за себе, а кои се плашат од отфрлање и мислат дека не се доволно вредни. Исто така, кај нив постои и погрешна интерпретација за тоа дека раскинувањето е нешто што никогаш не можат да го поднесат и дека не можат да живеат без таа личност. Таквата интерпретација предизвикува личноста да се соочи со страв, но и посесивно да се однесува во врската.

Мораме да заклучиме дека таа е нешто што е навистина штетно не само за врската, но и особено за личноста кај која таа се јавува. Проблемот со љубомората е решлив, но тој бара психолошка помош. За почеток, доволно е личноста да прифати дека има проблем и дека таквиот проблем негативно влијае на врската.

cheap nike free run 5.0