Не се плаши од моите зборови, плаши се од мојата тишина

Не се грижи кога викам на тебе и кога те обвинувам. Не се плаши кога долго зборувам без престан. Кога ќе чукнам на твојата врата во текот на ноќта, бидејќи не ми е добро. Или кога плачам поради нешто што ми имаш кажано. Сето тоа е дел од мојата љубов.

Грижи се кога моите пораки стануваат само еден збор, кога веќе не се борам со тебе и кога веќе не чукам на твојата врата и не плачам повеќе. Грижи се кога ќе престанам да реагирам.

Бидејќи тоа значи дека веќе не се борам за тебе, кога веќе не будиш љубов, ниту пак бес во мене и кога страста во мене е веќе мртва. Мојата тишина значи дека ти веќе не ги заслужуваш моите зборови, моето јас, мојот карактер.

Моите зборови се мојата љубов кон тебе, а мојата тишина е мое бегство од тебе. Тоа е почеток на крајот. Мојата тишина е одговор на твојата тишина. Тоа значи дека веќе не ми е грижа, дека знам дека веќе не заслужуваш ништо од мене. Дека веќе се имам откажано од тебе.

Затоа, не се плаши од моите гласни зборови, не се плаши од мене, од тоа кога ти покажувам каква личност сум. Не се плаши, почитувај ме и прифати ме така. Јас покажувам глас бидејќи се грижам за тебе, бидејќи во мене гори огромен оган за тебе. Сакам да ме прифатиш како што јас те имам прифатено тебе.

Плаши се од денот кога сите нешта ќе престанат, кога сите нешта се тивки, кога ќе надојдат ноќите кога ја уништи мојата насмевка и кога веќе не одговарам на тоа што го правиш. Бидејќи тоа значи дека сакам да си заминам. Бидејќи тоа значи дека навистина ќе си заминам.