Не се плашам да се заљубам, се плашам од болката која доаѓа со тоа...

Досега моето срце беше скршено повеќе пати отколку што можам да избројам. Бев во неколку врски и после секоја од нив мојот свет се распаѓаше.

Па затоа, ужасна ми е помислата дека одново треба да почнам и повторно да градам нешто. Ѕидовите се креваат и стравот ме парализира. Како повторно да го дадам моето срце некому? Како повторно да се одлучам и да се обидам?

Не е дека толку се плашам од љубов. Се би дала повторно да можам да почувствувам љубов. Но, мислам дека љубовта не е баш толку загреана за мене.

Се плашам од болка. Се плашам од лаги. Се плашам од неизбежните солзи и бескрајната болка која следува после секое раскинување. Никогаш повторно не сакам да се чувствувам така ранливо.

Се плашам од тоа да бидам само уште една девојка во низата, неважна и која никогаш не е приоритет. Се плашам повторно да го дадам моето срце на некој кој нема да го цени тоа.

Се плашам повторно да се обидам само за повторно да се соочам со разочарување. Уморна сум од тоа постојано да давам, а да не добивам ништо за возврат. Мора да има повеќе од ова празно чувство, но уште колку треба да страдам за да ја најдам љубовта?

Страв ми е дека пак ќе завршам со некој себичен тип кој вели дека сака врска, но не прави ништо за да опстане таа врска. Зошто јас треба да вложувам се, само за да останам сама на крај?

Не сакам повторно да бидам скршена и да плачам секоја вечер. Уморна сум од тоа да ја давам моќта на човек кој ќе ме третира како да сум ѓубре.

Одвај се кренав себеси после последната врска. Конечно се опоравив. Дали навистина вреди повторно да поминувам низ истото?

Не, јас не се плашам да се заљубам. Јас само се плашам од болката која доаѓа со тоа...