Не се откажувајте, ве очекуваат чуда!

Јавна тајна е дека оние кои имаат визија во животот постигнуваат прекрасни нешто, додека пак оние кои немаат визија или кои ја изгубиле визијата наидуваат само на препреки. Важно е да ја препознаете визијата која ве инспирира и секогаш да ви биде пред очи.

Тоа би ви го прикажале преку една прекрасна приказна:

Во среден век живеел еден добронамерен архитект кој сакал да изгради катедрала. Чувствувал потреба да ги инспирира луѓето во градот во којшто живеел. Но, имал многу малку средства на располагање. Еден ден отишол до каменоломот каде што неговите работници ваделе камења и ги обликувале со чекани. Отишол и му рекол на еден од нив:

„Извинете, што правите?“

Човекот мрзоволно му рекол: „Зарем не гледате, ги подготвувам камењата.“

Тој му се заблагодарил на работникот и отишол до следниот кој ја правел истата работа, И тој имал чекан во раката и архитектот му се обратил: „Извинете, што правите?“

Другиот со насмевка на лицето рекол: „Градам катедрала!“

Одговорот кој го добил бил толку убав што подоцна насамо разговарал со тој човек кој станал негов советник и му помогнал до крај да ја изгради катедралата во многу кратко време.

Разликата во делувањето со визија или без неа е очигледна како разликата меѓу ден и ноќ и резултатот е многу поинаков!

Важно! Кога ќе одлучите да ја побарате сопствената визија не се прашувајте што му е потребно на светот. Запрашајте се што е она што прави да се чувствувате живи и среќни и следете го тој пат. Затоа што она што ви е потребно и на вас и на светот се луѓе кои се полни со живот – луѓе кои ја пронашле сопствената цел и визија.

Некој кој делува во согласност со својата визија добива неверојатна помош и поддршка. Целиот универзум ќе побрза да ѝ даде поддршка на личноста која секогаш има јасна визија пред себе.

Секогаш имајте ја својата визија пред очи и никогаш не се откажувајте, затоа што чуда ве очекуваат!