Не се нервирајте кога ќе се удавите во кал на најпрометната автобуска станица во Скопје

- Не се нервирајте кога ќе се удавите во кал на најпрометната автобуска станица во Скопје. Помислете само дека денот нема да помине без Шекеринска да ве потсети дека само што не сме влегле во НАТО, пишува адвокатот Александар Тортевски на Твитер.

Тој сподели видео од скопските улици, класична приказна кога ќе наврне малку повеќе дожд, а како што може да се види на истото, патниците кога се симнуваат од автобус најпрво мора да прескокнат каллив вир.