Не се фрлајте во калта на личноста која сака да ви наштети – злото не се исправа со зло

Ако луѓето се обидуваат да те соборат, тоа значи дека си над нив.

Во денешниот свет, кога сите трагаат по слава и успех, моралот и правдата како полека да исчезнуваат. Фер играта станува мисловна именка, а газењето преку другите голема потреба за многу луѓе. Суетата е дел од сечиј работен ден, но и зависта, љубомората и сплетките. Често, неправдите поминуваат неказнето.

Кога во таа игра на свој труд, чесна работа и искреност постигнете нешто, друга личност добива потреба да го уништи тоа. Ако тоа се случи, треба да знаете само едно нешто.

Игнорирањето е мајка на одмаздата кон злобните луѓе.

Кога игнорирате некого, човек се прашува зошто. Тоа и покрај лошата намера, не му дава мира. Ова се зборовите на познатиот психолог Елизабет Мајер. Тој се прашува што е вашиот следен чекор, зошто сте направиле ова или она, дали може некако да ве изнервира.

Една позната стара изрека вели: Сѐ што е потребно за да се триумфира над злото кое ви го прават е да не правите ништо. Кога не реагирате на другите, тогаш се однесувате како ништо да не се случило и тие работи немаат влијание на вас. Од друга страна, доколку се обидете и вие да возвратите со иста мера, тоа ќе ви предизвика многу стрес и непријатност и ќе потрошите драгоцено време обидувајќи се да уништите личност која нема и онака е уништена со тоа што е злобна.

Зборувајте низ своите дела – не дозволувајте емоциите да управуваат со вашите постапки и осветата да стане дел од вашиот живот. На овој свет имате толку многу работи кои можете да ги направите наместо да се одмаздувате некому. Немате потреба од тоа.

Не се изолирајте – молчењето не значи изолирање, бегање и криење. Тоа го сакаат злобните луѓе – да се изолирате и повлечете како да сте виновни.

Не возвраќајте со напад – пуштете работите да се смират и видете како ќе се одвива ситуацијата. Не дозволувајте некој за вас да рече дека нападот е најдобра одбрана. Не реагирајте во бес и оставете ги да го направат тоа што го замислиле.

Станете поуспешни – посветете се на тоа да бидете уште поуспешни. Наместо да се фокусирате на нив и со тоа да развиете негативни мисли и чувства, можете да се посветите на тоа да бидете подобро.