Не сакам гужви, хаос, гласни луѓе со лажни насмевки, извештачени лица и празни разговори

Животот во суштина е многу едноставен. Но, тука има еден проблем. Нас не нѐ учеа така...

Нас не ни објаснија дека животот е едноставен и дека така и треба да го живееме.

Бев осудена сама на себе.

Додека растев добивав различни пораки. Пораките не беа во склад со однесувањето на оние кои ги изговараа. Теоријата не се поклопуваше со праксата. И бев осудена сама на себе. И бев препуштена сама на себе. И сама морав даги учам важните животни лекции. Затоа што сите се замараа со своите проблеми.

Секој со своето. Веројатно  така оди тоа во животот.

Една од работите кои ги научив сама е дека животот е многу едноставна работа. А уште поважно, сфатив дека јас заслужувам да живеам едноставен живот.

Сфатив дека животот ќе ми биде едноставен само ако сум доволно паметна правилно да пресметам некои работи.

1+ 1 = 2. Секогаш. Никогаш не е 3. Дури и да се превртиш на глава, 1+1 не може да  биде три.

Научив дека прво морам да ги дознаам последиците од одредени постапки, а потоа да бидам доволно зрела за да одлучам дали можам да се носам со тие последици и како да го направам тоа.

На пример, јас никогаш не сум пробала дрога, затоа што знам какви се последиците, а знам дека и тоа никогаш не би ме направило среќна. Пресметката е јасна: Јас не користам никакви дроги. Ниту марихуана.

Незаштитен секс носи ризик од бременост. И болести. И бидејќи не го сакам ниту едното, ниту другото, пресметката е јасна: Не практикувам секс без кондом.

Сакам едноставни работи.

И тогаш ми се случи животот.

Искуство.

Реалност.

И мозок.

Научив дека човек не може да има сѐ во животот. Можеби може, но јас не можам. Не сум обожавател на распнување, жртвување, изгорување, убивање од работа. Се спознав себеси како личност со умерена доза мрзливост. Повеќе сакам да лежам, спијам, јадам, отколку да работам и да се замарам и уморувам. Не поднесувам физички умор.

Сакам и ценам мир, тишина, полу-мрак, добро јадење, квалитетен секс, оргазам, одмор, спиење.

Не сакам гужви, хаос, гласни луѓе со лажни насмевки, извештачени лица и односи и празни разговори кои ме оптоваруваат.

Едноставноста на животот можеби највеќе се огледува токму во односите со луѓето и самите со себе.

Колку ти е поедноставен односот кон себе, толку ти е поедноставен односот кон другите.

Ако човек се разбира сам себе, тогаш ќе ги разбира и другите.

Нема потреба да се комплицираат работите.

Јас сум поборник на тоа дека сѐ треба максимално да се упрости. Филозофирањето е добредојдено, но не и кога ги комплицира работите и го отежнување живеењето.

Зошто во сите односи мора да има драми? Зошто кога двајца ќе се заљубат мора сѐ да се искомплицира? Во што е проблемот?

Проблемот е во тоа што луѓето (се) лажат. (Се) Лажат дека сѐ е супер и океј. А ништо не е супер. Не размислуваат со главата. Едноставноста на животот се крие во тоа да се лоцираш самиот себе.

Да го пробудиш непогрешливиот компас во себе. Да се сместиш себеси во тој невиден круг. Да се сместиш себеси во однос на своите можности, желби и потреби. Но, тоа мора да биде во некаква хармонија. Накратко: Да не се прецениш, а да не се ни потцениш.

Уморни сте? Легнете.
Ви се шета? Шетајте.
Ви се оди на кафе? Отидете на кафе.
Сакате да бидете сами? Бидете сами.

Само следете се себеси и она што е внатре во вас. Ама да се следите себеси, а не мама, тато, мажот, жената, идолот, пријателите. Само себеси.

Не треба никого да обвинувате за своите избори. Само така ќе станете големи, независни и свои. Слушајте се себеси и следете ги тие зборови.

Навистина не е тешко.

Едноставноста на животот е она и кога не живееш преку своите можности, туку и преку реалните потреби. Тоа денес е видливо на секој агол. Несвесност за себе.

Едноставно е и кога не расфрлаш, не се трошиш. Едноставноста не го исклучува учењето.

Кога ќе се спознаеш и кога ќе сфатиш каде се наоѓаш, провери дали си таму каде што припаѓаш и таму каде што треба да бидеш. И ако сѐ тоа се поклопи – тоа е тоа.

И тогаш 1+1 сигурно ќе биде 2.