Сакам да ме памтиш стуткана до тебе, слушајќи го звукот на твоето срцебиење, барајќи мапи низ твојата кожа.

Сакам да ме памтиш како се смејам на твоите шеги, дури и на глупавите.

Памти ме по моите хистерични моменти кои се појавуваа од никаде-некаде и моите солзи на лицето поради тој еден пат кога ме направи тажна.

Памти ме по мојата храброст, памти го оној пат кога ми ја држеше раката, а јас мислев дека умирам.

Памти ме како уплашена, нежна и кршлива – но, само за тебе, само за тебе.

Памти ме среќна и памти ги сите шашави начини со кои се трудев да ти го привлечам вниманието.

Памти ја мојата тврдоглавост и моето одбивање да зборувам со тебе и како тоа нѐ полудуваше и двајцата.

Памти ги сите наши „први“ работи кои беа толку прекрасни што се враќавме назад за да ни се случат и по втор, трет пат.

Памти ги песните кои не можеше да престанеш да ги слушаш и памти ги детските соништа кои самиот на себе си дозволуваше да ги сонуваш.

Ако е за некаква утеха и јас ги имав истите.

Ако дојде до тоа, не сакам да го памтиш крајот.

Памти го почетокот. Памти го првиот пат кога знаеше.