Не престанав да те сакам, само престанав да го покажувам тоа!

Не престанав да те сакам. Никогаш не престанав да те сакам.

Ти беше најпрекрасната личност на овој свет. Луѓето постојано зборуваат вака за луѓето што ги сакаат, но за тебе ова беше општо прифатен факт. Ти беше прекрасен. Ти беше светец.

На почеток тоа ми даваше адреналин. Јас бев горда на себеси, затоа што најфината личноста на светот ме избра мене. Јас бев избраната, посебната, јас сјаев покрај тебе. Јас мора да сум добра и љубезна, па затоа што и таков човек ме избра мене. Барем така мислев дека мислат.

Се запознавме на факултет, а потоа и заедно имавме активности. И ти секогаш беше генијалец да ги препознаваш мааните на другите, но и да ги сакаш и покрај нив.

Ме сакаше и покрај тоа што бев желна за внимание, депресивна и чудна.

Но, иако многу ми се допаѓаше, сакав да се гледам и со други луѓе. Затоа и се договоривме да имаме отворена врска. Ти не го сакаше ова (како што ми кажа подоцна), но се правеше дека ти е океј. Моите пријатели беа вчудоневидени затоа што ти го правам тоа и престанаа да ми зборуваат.

И по некое време, едноставно решив да ти раскинам. Ти раскинав во едно локално кафуле и си отидов без да се свртам. Но, работата е во тоа што не престанав да те сакам. Никогаш не престанав. Само се одлучив да не го покажувам тоа.

Моето срце се вкочани во мигот кога раскинавме. Моите пријатели се здружија против мене. Ти им рече да бидат фини. Плачев.

Никогаш не престанав да те сакам, но бидејќи со тек на време почнав да се гледам со човекот кој подоцна ми стана сопруг, таа љубов се претвори во пријателство. Едно време немавме никаков контакт, но ти беше толку прекрасен и ме прифати како своја пријателка.

Беше на мојата свадба. Понекогаш ги чуваш моите деца. Ние повеќе не сме заљубени еден во друг, но вредеше.