Не постои сигурен пат до среќата, но еден ден сите работи ќе дојдат на свое место

 

Ќе бидете спокојни, мирни и среќни. Ќе погледнете назад и нема да бидете сигурни како сте стигнале дотаму, како сите настани, луѓе и ситуации ве донеле до точката на која сте денес.

Целосно променета личност, поинаква од таа пред неколку години. Силна, моќна и најважно од сè-среќна.

Во меѓувреме, треба да сфатите дека не постои дефиниција за успех, ниту пак прирачник како да стигнете до него. Не постои план кој ќе ве извади од неуспехот или кој ќе ви помогне да го избегнете. Не постои сигурен пат до среќата. Не постојат гаранции, ниту  пак одговори.

Еден ден, само ќе го почувствувате тоа. Како сите работи се сменети, иако ви изгледа како да не се сменило ништо. Ќе бидете околу луѓето кои ги сакате, кои прават да се чувствувате подобро, кои ја гледаат убавината во вас. Еден ден ќе ја видите и убавината и среќата самите во себе. Ќе бидете полни со самодоверба.

Конечно ќе видите како вашата колекција од мали приказни ве довела дотаму кадешто сте тогаш. Во меѓувреме, препуштете се на патувањето.