Не плашете се да бидете сами, така нема никому да свртите грб

Не се плашете да бидете сами, како поинаку ќе дојдете до откривање на внатрешното богатство.

Ниту еден талент, ниту една способност, не може да излезе ако не ја побарате. Треба себеси да си дадете време да за средат тие работите. Сите заплети во вашиот живот нема да добијат расплет додека не останете сами и од таа перспектива да погледнете што е најдобро за вас. Кога сте сами дури тогаш ја гледате тежината на работите.

Не плашете се да бидете сами, поинаку не се оди напред во животот. Само одвреме-навреме можете точно да ги предвидите намерите на луѓето кои влегуваат во вашиот живот. Кога сте опкружени со нивните слаткоречиви зборови, не можете да сфатите што е маска, а што вистина. Само во самотија можете да ја разберете важноста на саканите луѓе во вашиот живот. Само во самотијата можете да разделите кој е важен, а кој не.

Не плашете се да бидете сами, со тоа не вртите грб никому. Со тоа само го чувате вашиот мир и се припремате себеси да бидете најдобрата своја верзија. Само во самотијата човек може да се навикне дека некоја личност повеќе не е во неговиот живот. Пополнувањето на просторот со други луѓе никогаш не излегува на добро, затоа што луѓето кои ве значеле во вас оставиле трага која морате сами да ја преболите и самите да се соочите со тоа.

Не се плашете да бидете сами, затоа што човек се навикнува на се. А понекогаш токму тоа е проблемот, затоа што кога ќе се навикнете на се, тогаш повеќе немате критериуми и мислите дека не го заслужувате најдоброто, па се согласувате со се. Не се плашете од бурата која ќе ја доживеете во самотијата. Дури кога ќе останете сами ќе сфатите какви луѓе сакате да бидете и ќе сфатите какви сте всушност вие.