Дечкото за секс изгледа шармантно и поинаку од останатите. Тој ќе биде харизматичен, ќе ве примами со своите очи и ќе ви дава нежни бакнежи. Дечкото за секс ќе излегува со вас. Тој ќе ја плати сметката во ресторанот. Тој ќе ви отвора врата и ќе ве држи за рака. Тој се ќе прави како што треба и ќе ви каже се што сакате да слушнете и тоа се во вистинскиот момент. Тој е интелигентен, тој ќе изгледа прекрасен. Тој ќе ви каже колку сте посебни и колку сте поинакви од сите жени кои дотогаш ги запознал.

А вие ќе му поверувате. Тој ќе ги испреплете своите прсти со вашите и ќе ве прегрне со своите преголеми ветувања, а вие ќе мислите дека тој ќе го исполни тоа.

Ќе му поверувате за се. Ќе сакате што повеќе од него. Тој ќе направи се за да се чувствувате единствена во неговиот свет и мисли. Тој ќе биде најдобриот љубовник во креветот. Тој ќе те доведе до најдобриот оргазам кој некогаш сте го имале. Нешто во стилот дека конечно дошол некој кој препознава колку сте посебни. Нешто во стилот дека конечно стигнал некој во вашиот живот кој гледа колку сте прекрасни. Можеби овој пат се конечно ќе се промени.

Се додека тој не се предомисли. А ќе се предомисли. Затоа што сите тие такви момци го прават тоа.

Фраерот за секс едноставно одеднаш ќе се промени, затоа што се ќе му стане премногу, а вие нема ни да забележите. Ќе се гледате само кога него ќе му одговара, затоа што ве придобил, затоа што лудо сте се заљубиле, а вие секој пат ќе полетате кон него. Тој секој пат така шармантно повторно ќе ве заведе, па нема ни да имате време да се запрашате зошто не сте се виделе вчера, кога вие сакавте. А токму тоа е знак дека тој завршил со вас, затоа што тој има свој начин со жените, тој не се заљубува. Тој нема „обврски“.

Додека мажот за врска или оној „засекогаш“ тип на маж е маж кој почнува полека. Тој на почетокот ќе биде уплашен, можеби и резервиран, ќе слуша. Ќе внимава да не каже ни премногу, ни премалку. Нема да ве дави со бакнежи и прегратки уште на првиот состанок. Тој нема да ве освои од прва.

Вие ќе бидете малку срамежливи, ќе се чудите зошто е таков и повлечен. Ќе се прашувате што крие и дали е искрен?

Но, кај правата љубов ништо не оди одеднаш и силно, веднаш се на чинија и со страст, треба време за да расте и да процвета. Не се шири со брзина на светлината, но прекрасно е да ја гледаш како се развива.

Тој ќе биде трпелив и со вашето срце. Нежно и со стравопочит ќе ве држи во прегратка, нема да брза. Тој ќе биде внимателен и за тоа како те гледа, тој ќе памети детали кај вас. Нема да сака веднаш да му се предадете, но силно ќе ве посакува.

Разликата меѓу дечкото за секс и дечкото „засекогаш“ е тоа што овој првиов ќе се засити од вас. Нему секогаш ќе му биде потребно нешто повеќе. И некоја друга.

„Засекогаш“ дечкото никогаш нема да се засити од вас. Тој нема да се умори од вашиот мирис, вашите усни, вашата насмевка, од самите вас. Тој ќе направи се за да успеете. Затоа што за него, вие двајца не сте игра, туку вистински живот.

Затоа, немојте на почетокот да паѓате на нечиј шарм. Не паѓајте на некој само затоа што ви се чини сладок за момент. Не паѓајте на некој само затоа што изгледа како да ве сака поради тоа што сте. Не.

Паднете на нечие срце. Паднете поради начинот на кој ви се насмевнува. Паднете на начинот на кој тој се грижи за вас и на кој ве цени. Паднете на нечии силни и вистински намери.

Не на оној кој игра умствени игри. Паднете на некој кој ќе остане. Не на оној кој ќе побегне кога ќе му ги покажете вашите чувства.

А можеби на нас жените ни е потребен еден таков „сексатор“, за да можеме да ја препознаеме и чуваме вистинската љубов кога таа ќе пристигне во нашите животи.