Не можете да смените како луѓето се поставуваат кон вас, но можете да влијаете на тоа како ќе се поставите кон нив

Време е да си ја вратите назад љубовта од сите оние кои ве повредиле. Кои не ве сакаа онака како што заслужувавте, кои ви даваа лажни ветувања за убава иднина.

Соберете ги сите делчиња од оние кои не го заслужуваат тоа.

Време е да ја повратите својата вредност назад. Научете повторно колку многу вредите, вратете ја својата насмевка и самодоверба и насочете ја својата љубов кон некој кој го заслужува тоа.

Погледнете назад и оставете го минатото таму каде што припаѓа. Кажете си дека не сте одговорни за тоа како некој се однесувал кон вас, колку ве сакал и колку ве ценел како личност. Ако им ја дадовте сета своја љубов и разбирање, а тие уништија сè, како е тоа ваша одговорност?

Кренете ја главата горе. Дајте си сила.

Не можете да смените ништо што се случило, ништо што некој друг направил кон вас, но можете да смените како ќе станете од тоа. Имате контрола врз тоа како растете, како се градите себеси повторно, како ќе чекорите кон иднината.

Не можете да смените како луѓето се поставуваат кон вас, но можете да влијаете на тоа како ќе се поставите кон нив во иднина. Научете ја својата лекција.

Одете полека, чекор по чекор. Сè додека тие не станат далечен спомен. Ова е ваша борба, водете ја на свој начин. Победете онака како што вие умеете. Како што вие сакате.