Овој пудинг потекнува од Англија и е едноставен, освежувачки летен рецепт кој се подготвува неколку часа пред да го јадете и се чува во фрижидер – бел леб потопен во шумско овошје и оставен во фрижидер за да добие облик на пудинг.

Состојки:

10 парчиња бел леб

500 грама мешано овошј

 2 супени лажици шеќер

100 милилитри вода

Подготовка

Чекор 1: Од парчињата бел леб извадете ги корките и исечете ги дијагонално на пола.

Чекор 2: Ставете го овошјето, шеќерот и водата во тава и загревајте додека убаво да се спојат.

Чекор 3: Во длабокиот сад ставете проѕирна фолија во две насоки за после полесно да го извадите пудингот.

Потопувајте го лебот во сокот и редете го по ѕидовите на садот да формирате круг и потоа ставете го овошјето да го пополните внатрешниот дел.

Чекор 4: На крај наредете еден слој со леб за да го затворите пудингот, завиткајте го убаво со фолијата и ставете го во фрижидер најмалку 3-4 часа или цела ноќ доколку имате можност.

Чекор 5: За да го послужите, извадете го долниот дел од фолијата, потоа свртете го пудингот на чинија и отстранете ги и останатите делови фолија. Исечете го како торта и одозгора декорирајте со шлаг.