Не можете да ги менувате другите - можете само да ги сакате или да ги пуштите да си одат

Животот ни покажува дека колку и да се трудиме, никогаш не можеме да ги смениме другите луѓе. 

Не можеме да ги спасиме, поправиме, да измениме дел од нивната личност. Можеме само да ги сакаме. Или, да ги пуштиме да си одат.

Сакајте ги кога се смеат, кога ви покажуваат дека денот им е поубав со вас и кога ќе споделите некоја шега. Сакајте ги бидејќи ве слушаат и носат товар од вашите проблеми на своите рамена. Сакајте ги бидејќи се тука да помогнат.

Не се трудите да ги сакате поради тоа што би можеле да бидат. Не ги сакајте бидејќи еден дел од нив ви одговара, а друг не. 

Покажете им колку ви значат, колку е поинаков вашиот живот со нив, или пуштете ги да бидат сакани од друга личност. Не го трошете нивното време, не го трошете ни своето.