Не можеш да ме форсираш да се заљубам во тебе

Сакам да се заљубам во тебе.

Сакам да ја запаметам секоја линија на твоето тело. Сакам да те знам целосно, да знам што те смее, а што те натажува, што те прави лут, а што прави да сјаеш. Сакам да го знам она што го криеш од сите, вистинскиот ти, оној кој лежи под површината, човекот кој е ранлив кога е сам.

Сакам да знам кој си ти, човекот од кој треба да се плашам, но не се плашам.

Никогаш не сум се плашела од заљубување.

Никогаш не ми било проблем емотивно да се разголам и да пуштам друг човек да влезе во мојот живот. Никогаш не ми било страв од отворање, зборување и искажување на мојата љубов.

Наречете ме млада и наивна, но љубовта никогаш не била страшна за мене.

Но, заљубувањето е нешто што се случува природно, не може да направите да се случи тоа, не можете да го форсирате и не можете да посакате да се случи. Она што може да го направите е да ги затворите очите и да постоите во тој еден момент. Бидете присутни за секој допир, секој бакнеж... Дозволете си себеси да уживате во секоја прегратка, да чувствувате толку силно.

Тоа е љубов. Моментот за кој никогаш не сте подготвени, моментот кој ви го изместува тлото под нозете и кој прави да ви се врти.

И јас се уште не го чувствувам тоа.

Сум почувствувала многу работи. Сигурност, стабилност, среќа. Сум почувствувала мир и задоволство. Сум почувствувала и поврзаност.

Сум го почувствувала и ветувањето за љубов, но се уште не сум почувствувала љубов.

Но, потребно е време за овие работи. Љубовта се гради на цврсти темели, се обликува од доверба и часови поминати заедно. Љубовта се вечери поминати во прегратки и неочекувани бакнежи.

Љубовта се сите зборови кои ги кажуваме и сите зборови кои не ги кажуваме. Љубовта се моментите кога правиме работи кои никогаш не би помислиле дека би ги направиле и тоа се моментите кои не ги планираме, моменти кои едноставно се случуваат и кои не исполнуваат.

Љубовта е на врвот на нашите јазици, во ритамот на нашите бакнежи, во пулсот којшто го чувствуваме на нашите прсти.

Љубовта е секаде со тебе, но јас се уште не ја чувствувам.

Затоа те молам не ме форсирај. Те молам биди трпелив со моето срце.

Јас не можам да се обидам да те сакам, не можам да го забрзам моето срцебиење. Не можам да го натерам мојот ум да мисли на работи на кои не му доаѓа да мисли. Ако го правиш тоа, само ќе ме натераш да избегам.

Затоа остави ја мојата душа да си го најде сопствениот пат, остави го моето срце да биде свој сопствен водич.

Можеби не се заљубив на истиот начин и во истото време како и ти, но тоа не значи дека нема да се заљубам. Затоа те молам, остави го моето срце да биде бавно и остави го моето тело да живее во моментот. Можеби с е уште не те сакам, но ветувам дека не одам никаде.