Не може да ги мразиш луѓето, а да го сакаш Бог...

Овој живот е всушност една заграда во вечноста. Помеѓу тие загради го живееме овој живот кој има своја цел, намера и кој не е случаен. Намерата е да научиме да сакаме... или повторно да сакаме. Целата креација е втемелена на љубовта. Љубовта е целта на на нашето постоење. Ние бараме љубов, ништо друго.

Верувам дека вистинското исполнување доаѓа со будењето на духовните димензии на љубовта. Некои тоа го нарекуваат љубов кон Бога (Бог или како и да го нарекувате „она нешто“), меѓутоа мислам дека таквата комбинација на зборови може да доведе до недоразбирање.

Бог всушност не сака ние да го сакаме Бог, во смисла на тоа дека треба да ги занемаруваме луѓето додека му се обраќаме на Него. Бог не е само некој личност таму некаде во Универзумот, ниту пак е само безлична енергија. Бог е сѐ, севкупност на постоењето, па така живее во секоја личност. Не можеш да ги мразиш луѓето, а да го сакаш Бог. Ние не сме случајно опкружени со луѓето со кои сме, ниту пак случајно живееме во ова општество. Бог сака да научиме да се сакаме едни со други. Тоа е она што навистина значи да се сака Бог. Ако не го гледаш Бог насекаде, не го гледаш никаде.

Љубовта е конечната вистина. Љубовта не е само чувство. Љубовта е најмоќната сила во Универзумот. Љубовта е лепакот кој не врзува сите, кој држи сѐ на едно место. Љубовта е одговор, без оглед на прашањето.

Бог е љубов и љубовта е Бог.