Без оглед на начинот на којшто се облекуваш, јас ќе те сакам. Не мораш да имаш тело од челик, доволно ми е во него да имаш срце кое ме сака мене.

Мене не ми треба никој да ме спаси. Не сум совршена и нема потреба а ме поправаш. Не ми треба некој кој ќе се преправа дека двајцата сме совршени личности. Но, ние можеме да сме совршени еден за друг. Сакам секогаш да го покажуваш своето вистинско лице.

Не мораш да бидеш силен постојано. Ти си мојот суперхерој, не мора да си Супермен.

Сакам да бидеш тој којшто си. Онаков со сите твои маани и недостатоци. Те сакам во овој момент. Не сакам ветувања за некоја подобра иднина некогаш. Ги сакам глупавие кавги, твојата напнатост, сите темни утра. Сакам да зборуваме. Сакам да се расправаме, иако постојано губиме во нив. Но, ги сакам и убавите моменти : прегратките, филмовите, долгото смеење. Ги сакам и нашите мрзеливи викенди. Моментите кога само се држиме за рака и не боруваме премногу.

Сакам да знаеш дека не сакам да имаш супермоќи. Сакам само да имаш добро однесување и да ме цениш како личност.

Затоа, секогаш кога сме еден до друг, запамети дека не е воопшто страшно да си несовршен. Сите сме.

Не ме спасувај од никој, туку чувај ме  до себе.