Не молете за внимание, уште помалку за љубов...

Не молете ги за љубов оние кои немаат време за вас, оние кои мислат само на себе. Никогаш не го правете тоа. Не ве заслужуваат оние кои прават да се чувствувате невидливо и безначајно поради нивната рамнодушност.

За љубов треба човек да се вложи, но никогаш не смее да моли. Кога морате да молите за љубов, тоа е израз на најголемата емотивна неправда, нерамнотежа која подоцна го карактеризира расположението во врската.

Заслужувате човек кој малку зборува, а многу прави. Не заслужувате некој кој ве бара само кога му требате, туку личност која е на ваша страна дури и кога имате потреба, а не само кога е во прашање интерес.

Заслужувате некој кој, без какви било очекување, ве пушта внатре во себе, ве чувствува и прави да се чувствувате важни и присутни во неговиот живот.

На крајот на краиштата, навистина е едноставно, личноста која ја заслужувате е онаа која кога има слобода на избор, ви се приближува вам, ве цени и ви го посветува своето време и своите мисли. Велат дека не постои недостаток на време, туку само на волја, затоа што кога човек на вистина сака нешто, зората се претвора во ден, вторник во сабота и еден момент се претвора во можност.

Исто така велат дека и оние кои очекуваат премногу, на крајот остануваат разочарани и страдаат. Разбирливо е дека мора да се намалат нашите очекувања и да си ја ставиле во глава онаа изрека: „Не очекувајте ништо од никого, само од себе.“

Затоа што надежите и очекувањата често (не секогаш) се основа за емоционално фијаско и поради тоа доаѓа и до недостаток од интерес за ставовите на другите. Тогаш ги набљудуваме дејствата на другите и чувствуваме болка. Емоционалната болка делува на мозокот исто како и физичката болка.

Во таа насока мора да направите важна разлика, т.е морате да му обрнете поголемо внимание на психолошкиот стрес. Не треба да се игнорира силна болка во стомакот или неподнослива глабоволка. Зошто тогаш да се игнорира емоционална болка? Не можеме да го оставиме времето да ги лечи раните, мора да работиме и да ги научиме лекциите кои ни помагаат, на ист начин на кој би престанале да јадеме чоколадна торта ако откриеме дека таа ја предизвикува болката во стомакот.

Тоа е многу важно, затоа што во нашето општество постои погрешно уверување дека психолошкото вознемирување е знак за слабост и дека времето ќе ги излечи раните.

Посветете им го своето време на луѓето кои го заслужуваат тоа, кои прават да се чувствувате добро. Не молете за внимание, пријателство, ниту пак љубов. Кој ви посакува добро, тоа и ќе го покаже.

Ако поминувате низ емоционална неправда, запомнете го ова:

Не им се јавувајте на оние кои не одговараат на вашите телефонски повици. Не ги барајте оние кои не го чувствуваат вашето отсуство. Немојте да пишувате и не се потчинувајте на рамнодушноста која ви ја покажале со игнорирање на вашите пораки или со неоснована тишина.

Не ги чекајте оние кои не ве чекаат, ценете се себеси и престанете да молите за љубов. Љубовта мора да биде покажана и чувствителна, но никогаш не може да биде добиена со молење. Вашата љубов треба да биде резервирана за оние кои ви посакуваат добро и ве разбираат без осудувања.

Не ја заборавајте вредноста на вашата насмевка во огледалото, сакајте се себеси и ценете се поради сѐ она што сте, а не поради тоа што некој, кој воопшто не ве заслужува, мисли за вас. Посакувајте си добро самите на себе и сфатете дека ако некој ве игнорира, тоа не значи дека не треба да направите сѐ што е возможно да се опкружите со луѓето кои сакаат да бидат во вашиот живот.