Не ми кажувај дека ти недостигам!

 

Кога раскинуваме, во суштина нам не ни недостасуваат личностите, ниту пак нивниот изглед, нивниот глас, ниту пак големината на нивните раце, туку начинот на кој сме се чувствувале кога сме биле со нив. Дури и кога некогаш било лошо.

Кога раскинуваме, копнееме во тоа прекрасно чувство, страста, разговорите, возбудата кога одиме да ги видиме или кога излегуваме со нив, времето поминато заедно, кавгите и смирувањата, разбирањето со поглед, болката кога ќе кажат нешто погрешно, кога ни требаат да не утешат по долг и напоред ден, сонувањето да го поминеме животот заедно...

Ни недостасува животот со нив, но тие не се единствено нешто на светот.

Раскинувањата не се само за врските и љубовните односи, но тука се вклучени сите други елементи кои ги прикачуваме и кои можат да имаат неверојатен ефект на нашите животи.

Сета таа емотивна поврзаност ни дава баланс и удобност. Меланхоличното чувство на раскнувањето со тој баланс и удобност може да биде уништувачко.

Болката од раскинувањето завршува само кога ќе престанеме да се сеќаваме, кога ќе почнаме да забораваме на спомените и кога ќе си замениме со посилни и посвежи спомени кои подолго ќе траат. Но, тоа никогаш не е лесно.. колку била подлабока врската, толку ќе биде потешко да се ослободите од спомените и да го ресетирате системот.

Затоа и најубаво е секогаш да си повторувате:

„Не ми недостасуваш. Ми недостасува животот со тебе. Ми недостасува личноста која сум кога сум со тебе. Ми недостига сонот кој го имав за нас. Ми недостига тоа што бевме.“

По неколку моменти ќе сфатите дека време е да излезете од тој круг на самосожалување и едноставно да продолжите со животот!