Не ја бркајте љубовта, дозволете таа сама да го најде патот до вас

Љубовта е една од најдобрите чувства и состојби на светот. Таа ги прави сите нешта подобри. Кога сме заљубени, времето ни одговара, храната има подобар вкус и сè е позитивно околу нас. Делуваме како најсреќната  личност на светот.

Вистинската љубов не чука често на нашата врата, а дури и кога ќе се појави многу луѓе се плашат од тоа. Често, љубовта може и најрационалната личност да ја претвори во нереален сонувач.

Единствената состојба која е потешка од чекањето на вистинската љубов е постојаното тргање по неа. Љубовта едноставно не функционира така, затоа наместо да ја бараме на погрешни места, треба да се фокусираме на себеси и на својот живот и да дозволите љубовта да ве најде вас. 

Кога живеете за себе, наместо за љубовта, имате можност да се пронајдете себеси и да сфатите кои сте, и што сакате од животот. Кога еднаш ќе влезете во сериозна врска, иако заљубеноста е убава работа, сепак секоја врска бара жртва, компромиси, доверба и почит кои не можете да и ги дадете на друга личност ако доволно не се познавате себеси. Ако сакате квалитетен однос со друга личност, прво треба да изградите квалитетен однос со самите себеси.

За да можете да ги засакате другите, мора прво да се засакате себеси. Важно е да бидете свесни за сопствените вредности, но и маани. Треба да знаете што можете да очекувате од љубовта, дека таа не е секогаш бајка и дека во врската влегувате со своите желби  и потреби, но се судирате и со туѓите желби и потреби.

Љубовта не се постигнува со сила. Тоа е контрапродуктивно и на тој начин ќе си нанесете болка и себеси, но и на другите луѓе.  Вистинската љубов сама го наоѓа патот, кога ќе се фокусирате на убавите нешта, таа тогаш се појавува.