Не ја барајте среќата на истото место на коешто сте ја изгубиле

Оставањето на минатото онаму кадешто припаѓа е една од најтешките работи кои треба да ги направиме во животот. Можеби некогаш мислиме дека е лесно, но ако имаме спомени кои ги носиме со себе, не е така лесно. Тешко забораваме и го напуштаме минатото.

Луѓето често држат говори како треба да гледаме само напред и фа се фокусираме на иднината. Тоа е така, но често не е лесно да напуштиме една личност или ситуација така лесно. Сепак, во еден момент мораме да се потрудиме да престанеме да се грижиме за минатото, бидејќи тоа ни носи само болка. Треба да знаеме дека сме доволно силни за да продолжиме натаму со животот.

Понекогаш на нашето срце му треба повеќе време одошто на нашиот ум.

Ако сакаме една рана да зацели, треба да престанеме да ја допираме.

Ако не го оставиме минатото во минатото, тоа ќе ја уништи нашата иднина.

Прифатете го тоа што било, тоа што е и борете се за тоа што ќе биде.

Престанете да ја барате среќата на истото место каде што сте ја изгубиле.

Ако сте изгубиле нешто, тоа е бидејќи ви е судено да најдете нешто подобро.

Колку повеќе лутење и бес имате за минатото, толку помалку сте способни за љубов во сегашноста.

Кога размислувате за животот, запаметете го ова: ниту една количина на вина не може да го смени минатото, а никаква грижа не може да ја смени иднината.

Вдишеете ја иднината, издишете го минатото.

Не треба секогаш да се трудите да го поправате тоа што е скршено. Можеби треба да почнете одново и да создадете нешто подобро.