Не губете време и енергија на оние кои се рамнодушни кон вас

Ова се неколку совети на познатиот психолог Андреја Курпатова.

  1. Никогаш не ја префрлувајте на туѓ грб одговорноста за тоа што се случува во вашиот живот. Тоа може да биде големо искушение, но никој не е виновен за тоа низ што минувате. Силата доаѓа кога ќе си кажете себеси дека сте автори на своите неуспеси и успеси.

  2. Прифатете го фактот дека не можете да го смените минатото, тоа е завршено. Под ваша власт е само иднината, која директно зависи од тоа што го правите во сегашноста.

  3. Ослободете се од илузиите дека можете да ги менувате другите луѓе. Потсвесно, сите патиме од таквите наивни заблуди, и како резултат на тоа патиме во вистинска смисла на таквите зборови. Луѓето само ги менуваат околностите, сите останати работи се перцепција.

  4. Потребни сме си едни со други, со луѓето. Прифатете го тоа така како што е.

  5. Сите наши дејства имаат одредени последици. Затоа, пред да направите нешто, добро размислете за последиците за тоа што го правите денес.

  6. Секој од нас ќе умре, тоа е неизбежно и е медицински факт. Не живејте така како да ќе живеете вечно, ниту пак како да ќе умрете утре.

  7. Не губете време и енергија за оние кои се рамнодушни кон вас, и уште полошо од тоа, за оние кои не ве сакаат. На овој свет постојат милион луѓе со кои можете да поминете живот во радост.