Не губете ниту еден момент, затоа што времето е единственото нешто кое не можете да го вратите! Секој момент е скапоцен, а Џон Максвел ни објаснува зошто е тоа така и кои се последиците од изгубеното време:

За да ја дознаете вредноста на една година, прашајте го студентот кој не успеал да фати услов.

За да ја дознаете вредноста на еден месец, прашајте ја мајката на прерано роденото дете.

За да ја дознаете вредноста на една недела, прашајте го уредникот на едно неделно списание.

За да ја дознаете вредноста на еден ден, прашајте ја мајката со шест деца.

За да ја дознаете вредноста на еден час, прашајте ги љубовниците кои договориле состанок.

За да ја дознаете вредноста на една секунда, прашајте ја личноста која преживеала несреќа.

За да ја дознаете вредноста на една милисекунда, прашајте го добитникот на сребрен медал на Олимпијадата.